ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Банско

26.04.19 Поаѓање во 05 часот од Прилеп за Банско преку Струмица и Петрич, со попатна посета на Бањскиот центар - Сандански, чие старо име е Свети Врач, а се смета дека тука е роден Спартак, кој го кренал востанието против Рим. Продолжување за Банско и сместување во хотел. Можност за бесплатно користење на сауна, фитнес и базен во хотелот. Вечера. Ноќевање.

27.04.19 Појадок. Слободно време за индивидуални активности во на ј- големиот ски - центар на Балканот - Банско, каде се одржуваат светски купови во скијање, сместен во подножјето на Пирин планина, чиј највисок врв е Вихрен со 2914 м, со 75 км ски - патеки, со гондола за 8 лица со која се оди до ски - центарот. Банско со многу етно ресторани - Механи, барови, модерни и снабдени продавници за шопинг. Ручек. Можност за бесплатно користење на сауна, фитнес и базен во хотелот. Вечера. Ноќевање.

28.04.19 Појадок. Слободно време за индивидуални активности во Банско.Факултативен излет со автобус до скијачките терени.Ручек. Можност за бесплатно користење на сауна, фитнес и базен во хотелот. Вечера. Ноќевање.

29.04.2019 Појадок. Слободно предпладне во Банско. Ручек. Поаѓање и посета на Мелник - најмалото живописно гратче во Бугарија познато по Пирамидите од песок и производство на вино, како и посета на Музеј за вино со можност за дегустација на вино. Продолжување за Прилеп и пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА: 6200 денари
Со сопствен превоз 4900 ден.

 Во цената е пресметано:
- автобуски превоз на дадената релација;
- 2 полни пансиони во хотел Mountain Paradise Apart (појадок ручек и вечера шведски стол + пијалоци за време на оброците, бесплатно користење на затворен базен, фитнес, сауна...) 
- Факултативен излет со автобус до скијачките терени-5 еур.
- попатна посета на Мелник и Сандански
- придружник и организација на патувањето.

Во цената не е пресметано:
- патничко здравствено осигурување – 200 денари
- влезници за културно историските споменици