Хотелот се наоѓа во Фурка, на околу 200 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион, има сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Центарот на градот е на околу 900 метри од хотелот и од ресторани, кафулиња, продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Во понуда се два вида сместувачки единици на приземје, на прв или втор кат.
Хотелот има 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, балкун,
Сместување:
Во студио: три возрасни и дете до 11,99 ( брачен и единечен кревет )
Во апартман: четири лица, две спални, една со брачен, другата со два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината. Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна.
Термин: |
1/3 студио |
1/4 студио |
1/4 апартман |
24.05-31.05.2025 |
99 € |
119 € |
139 € |
31.05-07.06.2025 |
129 € |
149 € |
169 € |
07.06-14.06.2025 |
169 € |
189 € |
219 € |
14.06-21.06.2025 |
249 € |
269 € |
289 € |
21.06-28.06.2025 |
329 € |
349 € |
369 € |
28.06-05.07.2025 |
389 € |
409 € |
429 € |
05.07-12.07.2025 |
449 € |
469 € |
499 € |
12.07-19.07.2025 |
489 € |
509 € |
529 € |
19.07-26.07.2025 |
559 € |
579 € |
599 € |
26.07-02.08.2025 |
559 € |
579 € |
599 € |
02.08-09.08.2025 |
559 € |
579 € |
599 € |
09.08-16.08.2025 |
559 € |
579 € |
599 € |
16.08-23.08.2025 |
559 € |
579 € |
599 € |
23.08-30.08.2025 |
489 € |
509 € |
529 € |
30.08-06.09.2025 |
379 € |
399 € |
419 € |
06.09-13.09.2025 |
299 € |
319 € |
339 € |
13.09-20.09.2025 |
229 € |
249 € |
269 € |
20.09-27.09.2025 |
159 € |
179 € |
199 € |
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Клима уред
Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 2€ по соба на ден (се плаќа во објектот)
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
ГРАД |
ЧАС |
ВОЗРАСЕН |
ДЕТЕ 2-12 |
Скопје |
04:00 |
50€ |
40€ |
Велес |
04:30 |
50€ |
40€ |
Штип |
03:40 |
65€ |
55€ |
Неготино |
05:00 |
50€ |
40€ |
ГП Богородица |
06:00 |
50€ |
40€ |
Битола |
04:00 |
45€ |
35€ |
Прилеп |
03:15 |
45€ |
35€ |
Струга |
02:15 |
55€ |
45€ |
Охрид |
02:30 |
55€ |
45€ |
Ресен |
03:15 |
55€ |
45€ |
ВРЕМЕ ЗА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА:
ГРЧКО
|
МАКЕДОНСКО
|
МЕСТО
|
14:45
|
13:45
|
Фурка
|
15:00
|
14:00
|
Сивири
|
15:30
|
14:30
|
Неа Потидеа
|
15:45
|
14:45
|
Неа Плагија
|
Место на поаѓање:
Скопје - Дрводекор
Штип - Паркинг пред Пошта
Велес - БП Мотел Македонија
Неготино - БП Неготино
ГП Богородица - БП Шимов
Битола - Автобуска Транскоп
Прилеп - БП Салида
Струга - Хотел Дрим
Охрид - БП Лук Оил излез кон Битола
Ресен - Автобуска станица
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг., и 1 парче рачен багаж.
Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
Информации, услови, попусти
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09 часот (локално време).
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст.
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2025 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
*Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.
Услови на плаќање
Во зависност од видот и условите на понудата, соодветните цени и терминот на резервација, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рана уплата - EB):
- Попустот за рана резервација важи за ограничен број на соби, до датумот објавен во табелата или до повлекување на понудата!
- При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
- Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
НАПОМЕНА:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
Корисни информации
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Чистењето на собите, менување на постелнина и крпи (пешкири) се врши на денот на превземање на собата или секој седми ден.
* За сите прашања во врска со сместувањето, одржувањето и функционалноста на опремата во собите, клиентот ќе ги решава со рецепцијата на хотелот.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети, третиот/четвртиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува
и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.
* За секоја промена на веќе потврдена резервација во хотелите, се наплатува дополнителен манипулативен трошок од 15 € .
Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.