ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Athos - Vila Vaia - Jerisos
Vila Vaia - Jerisos

Куќа “Vaia”

BLACK FRIDAY 30 % попуст за 50 % уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

 

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…

Куќа “Vaia” се наоѓа на само 80 – 100 метри од прекрасната песочна плажа. Куќата располага со пет  апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила. Апартманите имаат реновирани и опремени кујни со сите потребни елементи, како и реновирани купатила со туш. Затоплување на водата во цела вила е со сончеви колектори.Сите апартмани се на втор кат освен дуплексот бр. 1 кој е на прв кат и располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, а некои од нив се со поглед кон улица, некои кон дворот на вилата или странично кон море. Истите се заштитени со тенди.

Дуплекс апартман бр. 1 (1/4) – прв кат. Апартманот располага со две спални, во едната има брачен кревет, а во другата два одвоени стандардни кревети, клима уред и ТВ. Од двете спални се излегува на долга заедничка тераса опремена со маса и столови, која е со поглед кон улица и дворот на вилата. Апартманот има опремена кујна со мини шпорет со рерна и фрижидер која е издвоена на самиот влез во ходникот од апартманот.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 2 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 3 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со  поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартман број 4 (1/3+1) – втор кат. Апартманот располага со две простории. Првата просторија е наменета за дневен престој, во која има комплетно опремена кујна со мини шпорет со рерна, маса со столови, клима уред, и софа на пуштање која е наменета за еден возрасен или две деца до 12 години. Од оваа просторија се влегува во спална соба која е одвоена со лизгачки врати. Во спална соба има два одвоени стандардни кревети и ТВ. Од двете простории се излегува на иста заедничка тераса опремена со маса и столови, со страничен поглед море. Апартманот има сопствен тоалет со туш.

Апартманброј 5 (1/2) – втор кат. Апартманот располага со два одвоени стандардни кревети, ТВ и клима уред во спална соба. Од спалната се излегува на сопствена тераса опремена со маса и столови. Кујната е комплетно опремена со мини шпорет со рерна и голем фрижидер, и од истата се излегува на тераса која е со поглед во дворот на вилата.Апартманот има сопствен тоалет со туш.

 

1.Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1) задолжително плаќаат 4

лица

1/2

апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат 2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2 лица

25/05-01/06

7

89

109

139

01/06-08/06

7

99

129

159

08/06-15/06

7

119

169

189

15/06-22/06

7

139

199

239

22/06-29/06

7

149

219

249

* цена по лице со вклучен превоз

 

2.Сезонски цени

Термин

Ноќевања

 

1/4 дуплекс апартман

(бр.1)

 

1/2 апартман

(бр. 2 и 5)

 

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

 

29/06-06/07

7

599

469

529

06/07-13/07

7

659

509

569

13/07-20/07

7

689

529

599

20/07-27/07

7

689

529

599

27/07-03/08

7

699

549

629

03/08-10/08

7

699

549

629

10/08-17/08

7

689

529

599

17/08-24/08

7

689

529

599

24/08-31/08

7

669

519

589

* цена за наем на апартман

 

3.Вонсезонски цени

Термин

Ноќевања

1/4 дуплекс

апартман

(бр. 1) задолжително плаќаат 4

лица

1/2

 апартман

(бр. 2 и 5)

задолжително плаќаат 2 лица

1/3+1 апартман

(бр. 3 и 4)

задолжително плаќаат 2 лица

31/0807/09

7

149

199

239

07/09-14/09

7

129

179

209

14/09-21/09

7

109

149

169

21/09-28/09

7

89

109

129

* цена по лице со вклучен превоз

 

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН  – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во апартман бр. 2,3,4 и 5 плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во вонсезонските цени во дуплекс апартман бр. 1 плаќаат минимум 4 лица
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА апартман ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
    • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
    • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец 170 мкд. (35евра)
    • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро = 62 мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Импала травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.