ЛЕТО 2025 - СИЦИЛИЈА
ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Рим

Опис

22.10.2025 (среда) – Штип-Драч-Бари

►Поаѓање на групата од Штип во 12.00 часот. Патуваме од  Драч до Бари. Паузи за одмор, царински формалности. Пристигнување на пристаниште. Ноќно патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Ноќно возење.

23.10.2025 (четврток) – Бари-Алберобело-Рим

►Пристигнување во Бари. Патуваме кон уникатното градче Алберобело, со околу 1000 ,, trullo‘’ куќички. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање кон Рим, сместување во хотел. Ноќевање.

24.10.2025 (петок) – Рим

►Појадок. Панорамско разгледување на градот со локален водич (патуваме со Метро-платен билет)- Антички Рим: Колосеумот, Римски Форум, Форум на цар Трајан, Капитол, Плоштадот Венеција и Плоштадот Кампидоглио, Фонтана Ди Треви, Плоштадот Колона. Враќање во хотел. Ноќевање.

25.10.2025 (сабота) – Рим-Ватикан

►Појадок. Факултативна посета на Ватикан-(патуваме со Метро-платен билет)-  (патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат слободни и не се обврска на генцијата), разглед со водич на Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, катедралата Св.Петар. Индивидуално прошетка низ центарот на Рим. Враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

26.10.2025 (недела) – Рим-Тиволи

►Појадок. По појадокот, во раните утрински часови  патуваме кон Тиволи,(патниците кои нема да ја користат оваа факултатива остануваат во градчето Тиволи да ја чекаат групата да завршат со предвидениот разглед)-факултативна посета на Тиволи и прекрасните илјада фонтани. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Попатно пауза за шопинг. Пристигнување на пристаниште. Ноќно патување со фериброд.

27.10.2025 (понеделник) -Штип
►Пристигнување во Драч. Пристигнување на пристаниште.  Патување со фериброд-(користење на кабина со доплата). Пауза за царински формалности. Продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во Штип

 

Цена: 19.999 мкд. – (322,50 евра)

(можност за плаќање на рати, со договор на 6 рати од април-септември 2025 година)

(факултатива Ватикан, Тиволи)

 

Во цената се вклучени следниве услуги:
• Превоз со високо туристички автобус на наведената релација

  • карта за брод Драч-Бари-Драч во удобни седишта-(доплата за кабина 20 евра)
    • 3 ноќевање со појадок во хотел 3* во Рим
    • Разглед на Рим со стручен водич-гратис од агенцијата
  • посета на Алберобело-гратис од агенцијата
    • Организација и водство на патување (пратител на групата)Во цената не се вклучени следниве услуги:
    -хотелска туристичка такса 3,33 евра од  ден (3,33 х 3 дена 10  евра)-(задолжително)
    • посета на Ватикан 60 евра (превоз, влезница, водич)
  • посета на Тиволи-(превоз,влезница,водич)-30 евра
    • влезници за посета на локалитетите
    • Задолжително групно здравствено и патничко осигурување 250 мкд.-(наплата во агенција)

–(ако патникот има осигурување треба да го носи зошто се бара за фериброд)

За овој аранжман важат Општите услови на патување на СКТМ