ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Parga - Vila Mathina
Vila Mathina

Вилата  е убава куќа, лоцирана на десната страна на Парга во близина на патеката која води кон големата плажа Валтос. Во својот состав, овој објект брои неколку студија кои се опремени со потребен мебел, сопствен тоалет, мини кујна, ТВ и клима уред, како и балкони со поглед кон градот. Нивната уреденост и локација, како и одличниот сервис на домаќините, ги издвојуваат како одличен објект за сместување при престојување во прекрасната и единствена Парга. Вилата има убаво уреден двор со ѕидана скара, маса и столици.

Mathina 12 2018

Попуст -30 € при резервација на пакет аранжман (сместување + автобуски превоз).

Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)
 
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- За употреба на клима уред (ac*) се доплатува во објектите (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
 
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 50 € (37 € за деца 2-12 год.)
 
ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. 
   Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Ценовник бр.1 за Грција, апартмани 2019, со важност до 31.12.2018 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и доплата на аранжманот до 31.12.2018 година. 
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
 
НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.