LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Polihrono - Vila Spanos
Vila Spanos

Апартмани “Spanos” се во нашата понуда веќе 14 години. Лоцирани во центарот на Полихроно, на околу 150м. од плажа. Имаат сопствен паркинг. Собите се со комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима-уред (јули и август), бесплатен интернет и тераса.

Приземје (приемен дел) + 1 кат + 2 кат 
Капацитет: 16 соби (8 на 1 кат + 8 на 2 кат), максимум 60 кревети
Оддалечост од море/ плажа: 150 метри
Структура: трикреветни и четворокреветни апартмани
Опис: 
- Трикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден еднинечен кревет и мала, комплетно опремена кујна (одвоена), тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
- Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба е сместен еден единечен кревет и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со еден француски + еден единечен кревет, тераса
- Четирикреветни: во првата (помала) просторија/ соба се сместени кревети на спрат и мала, комплетно опремена кујна, тоалет, и спална соба со француски кревет, тераса
- Четирикреветни(дуплекси): во првата просторија е сместена (мала) трпезарија и кујна, тоалет и две одвоени спални соби со француски кревети, тераса од двете соби
Забелешки: просторни соби, тераси со лимитиран поглед кон друг објект, сопствен паркинг, интернет, клима

15% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 01-ВИ ДЕКЕМВРИ
 
Термин Ноќевања Трикреветен апартман Четирикреветен апартман Четирикреветен дуплекс
26/5-2/6 7 135 150 175
2/6-12/6 10 230 270 285
12/6-21/6 9 325 370 390
21/6-30/6 9 395 430 450
30/6-9/7 9 425 455 515
9/7-18/7 9 505 555 615
18/7-27/7 9 545 595 675
27/7-5/8 9 545 595 675
5/8-14/8 9 545 595 675
14/8-23/8 9 530 580 655
23/8-1/9 9 470 495 590
1/9-11/9 10 395 430 450
11/9-21/9 10 325 370 385
21/9-1/10 10 230 270 285
 
Напомени и услови:
Цените во се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.
Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.
 
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
 
Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
 
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
За возрасни 2.790 мкд. (45 евра)
За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 
Деца до 2 години бесплатно, без седиште
 
Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути. Поаѓањето од Велес е во 3:45ч наутро (бензиска пумпа Макоил, мотел Македонија). Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашита агенција. 
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.
Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.  
За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.