ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Санторини

16.04 – 21.04.2020

6 дена / 3 ноќевања

САНТОРИНИ – волшебен остров на јужниот дел од Егејското море. Свет сам за себе , каде што портокаловата и пурпурната боја на уникатното зајдисонце, прави бајковит пејсаж врз снежно белите фасади на санторинските куќи.
Симболот на грчкиот туризам, Санторини, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви  е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Жителите на Санторини претежно се занимаваат со туризам,но и со одгледување на специфични видови на винови лози, од кои се добива најубавото вино NYCHTERI, со одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати кои се со неверојатен вкус и од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. Главен град на островот е FIRA, на 260 м над површината на морето.

1.ДЕН (16.04.2020 - Четврток) СКОПЈЕ – АТИНА (ПИРЕА) 

Состанок на групата на договорњно место и време. Поаѓање за Грција во 17:15 часот... се патува преку г.п. Богородица со куси попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) кон Атина/ Пиреа.

2.ДЕН (17.04.2020 - Петок) ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на фери. Поаѓање од пристаниште во 07:25 часот...пловидба кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15.30 часот, следи трансфер од пристаниште до хотел - сместување во хотел.. Време за краток одмор и релаксација. Околу 21.00 часот - следи факултативна посета на најсветото место на островот ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Вракање во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН (18.04.2020 - Сабота) САНТОРИНИ

Појадок. Заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот...археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)...посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли - Калдера. Во вечерните часови посета на најмонденското селце OIA каде можете да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место. Враќање во хотелот во вечерните часови. Во доцните вечерни часови (велика сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали - враќање во хотел. Ноќевање.

4.ДЕН (19.04.2020 - Недела) САНТОРИНИ 

Појадок.  Слободно време или факултативно крстарење...посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот) – можност за фотографирање покрај активниот кратер...продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море...крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води...пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира...враќање во хотел.  Ноќевање.

5.ДЕН (20.04.2020 - понеделник) САНТОРИНИ 

Појадок.  Одјавување од хотелот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција - Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата следи слободно време во Фира и околу 14.00 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа  околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија.

6.ДЕН (21.04.2020 - вторник) МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови

ПРОМО ЦЕНА ЗА ПРВИТЕ 16 МЕСТА : 195 € (12.090 ден). 

РЕДОВНА ЦЕНА  229 € (14.198 ден)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТВКЛУЧУВА

  • Превоз со високо туристички автобус на релација
  • 3 НП во хотел 3* во Камари,
  • Фери карта : Пиреа – Санторини – Пиреа,
  • Трансфер (пристаниште - хотел – пристаниште (на Санторини),
  • Организација и придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : 

  • Факултативи по програмата,  
  • Патничкото осигурување,
  • Влезници за музеи и локалитети,
  • Посета на Пиргос (превоз + локален водич) - 5 € по лице (препорака!),  
  • Целодневен разглед/екскурзија на островот (превоз + локален водич) - 35 € по лице (препорака!),
  • Крстарење со брод + вулкан - 35 € по лице (препорака!),
  • Посета на винарија (резервација + превоз + влезница + и дегустација на вино) - 18 € по лице.

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманотво случај на промена на цената на превозот илихотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот7 дена преддатумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ