Вила Теа се наоѓа на прекрасна локација меѓу шеталиштето и плаѓата во Калитеа, на левата страна од главната улица која води до Полихроно. Вилата се состои од 2+1 студија и 1/3+1 студија. Сите нејзини соби гледаат кон море и се лоцирани на приземје или прв спрат. Паркинг е дозволен пред самата вила но не е препорачливо бидејќи на 30м од вилата има место за паркинг на самата улица и е бесплатен.Наспроти вилата има продавници, ресторани, гиро, голем маркет Мазутис, фурна, продавници за сувенири, бунди, бижутерии и летна опрема.
Студијата 2+1 имаат капацитет за 2 возрасни лица + 1 дете, и одредени соби можат да примат 3 возрасни лица, но да се има во предвид дека спaлното легло е со помали мерки. Студијата располагаат со едноспално легло со помали мерки на кој би спиеле возрасен и дете и едно единечно регуларно легло, мини кујна со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет, балкон со поглед на море, клима без доплата, ТВ и wi-fi.
Трокреветните студија имаат 3 легла, т.е едно поголемо во мерки од стандардно 90см легло, и две стандардни легла. Капацитетот на овие студија е 3 возрасни лица или 2 возрасни со 2 деца од кој едното спие со родител на поголемото легло.Сите студија имаат балкон со поглед на море, сопствен тоалет, мини кујна со прибор за готвење и јадење, плазма тв, клима и wi-fi.
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ 30.04.2022
Цените се изразени по студио за 7 ноќевања без попуст во евра, плаќањето е во денарска противвредност 1еур=61,8мкд
На ПРОМО цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација
ВИЛА ТЕА - КАЛИТЕА | ||||
ЦЕНИ ЗА НАЕМ НА СОБА ЗА 7 НОЌЕВАЊА | ||||
Период | Ноќ. | Студио 2 возр + 1 дете | Студио 3 возр +1 дете | Коментар |
22.05-29.05.2022 | 7 | 99 | 119 | Промо цена |
29.05-05.06.2022 | 7 | 129 | 149 | Промо цена |
05.06-12.06.2022 | 7 | 159 | 189 | |
12.06-19.06.2022 | 7 | 249 | 269 | |
19.06-26.06.2022 | 7 | 319 | 339 | |
26.06-03.07.2022 | 7 | 359 | 379 | |
03.07-10.07.2022 | 7 | 379 | 399 | |
10.07-17.07.2022 | 7 | 419 | 439 | |
17.07-24.07.2022 | 7 | 469 | 489 | |
24.07-31.07.2022 | 7 | 469 | 489 | |
31.07-07.08.2022 | 7 | 469 | 489 | |
07.08-14.08.2022 | 7 | 469 | 489 | |
14.08-21.08.2022 | 7 | 449 | 489 | |
21.08-28.08.2022 | 7 | 429 | 449 | |
28.08-04.09.2022 | 7 | 389 | 399 | |
04.09-11.09.2022 | 7 | 279 | 299 | |
11.09-18.09.2022 | 7 | 249 | 269 | |
18.09-25.09.2022 | 7 | 189 | 209 | Промо цена |
- Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз. Повратен превоз до Калитеа чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики (секоја Недела)
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
Организаторот го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на СКТМ