Тајланд – древен и егзотичен. Државата полна со древни будистички храмови и модерни зданија. Уживајте во новиот и непознат свет и повторно откријте ги тајните на Истокот – од Кралската палата во Бангкок до “Северната Роза” – Чианг Маи. Секој ден исполнет со нови убавини и моменти на кои секогаш ќе се сеќавате со восхит.
Цените се во евра по лице, во стандардна соба, на база ноќевање со појадок, со вклучени аеродромски такси за резервација до 20.12.2018 г.
Дата |
Бројноќевања |
По лице водвокреветнасоба |
Еднокреветнасоба |
Трет возрасен |
Дете од 2 – 12 со2 возрасни |
19.03 – 29.03 |
8 |
1072 |
1262 |
1072 |
970 |
Цената е по лице и вклучува:
Цената не вклучува:
Превозник: Turkish Airlines
Софија – Истанбул – 21:20ч. – 23:40ч.
Истанбул – Бангкок – 01:50ч. – 14:50ч.
Бангкок – Истанбул – 23:50ч. – 06:20ч.
Истанбул – Софија – 08:35ч. – 08:55ч.
За резервација:
Со потпишување на договор/пријава: 260 еур по лице
Краен рок за доплата: 50 дена пред поаѓање
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ БАНГКОК 2019
Пријавувањето за сите факултативни излети е пред поаѓање. Факултативните излети се со водич на бугарски јазик за минимум 11 лица. Реализација на излетите не се гарантира без потребниот минимум.
Излети |
Вид |
Цена за возрасен |
Цена дете
|
|
|
во евра |
во евра |
Посета на Пловечкиот пазар во Damnoen Saduak |
Полудневна |
36 |
26 |
Посета на Кралскиот дворец во Бангкок |
Полудневна |
46 |
29 |
Посета на Коралните острови со моторен чамец и вклучен ручек од морски плодови |
Целодневна |
93 |
62 |
Вечера во Baiyoke Sky ресторан на шведска маса |
Вечерна |
26 |
16 |
Посета на Пловечкиот пазар во Damnoen Saduak
Денот го започнуваме со посета на светски познатиот пловечки пазар “Damnern Saduak”, кој се наоѓа на околу 100 километри југозападно од Бангкок. Попатно ќе ја посетиме шеќерната фарма “Палм Захар” каде ќе видиме и научиме како се преработува шеќерот од палма и ќе дегустираме производи приготвени на фармата. Во земјата има многу пловечки пазари на неколку часа од главниот град. Шарено облечените трговци на овие живописни пазари, низ каналите, од своите чамци натоварени со свежи плодови и зеленчук, ги продаваат продуктите на купувачите на брегот. Има многу бука – ценкањето е дел од забавата – но не очекувајте цената да биде намалена повеќе од неколку бати. Пазарот ќе го посетиме рано наутро, пред почетокот на гужвите и топлината на денот. На забавен начин да го видиме и почуствуваме локалниот начин на живот, а и да направиме поволно пазарење.
Посета на Кралскиот дворец во Бангкок Кралскиот дворец, со своите павиљони и златни кули, може да се опише само како ориентално ремек дело. Внатре во Кралскиот параклис се наоѓа Смарагдниот Буда, кој е издлабен од тврдо парче нефрит. Дворецот е вистинско архитектонско ремек дело, се состои од неколку надворешни згради и магичен внатрешен двор, кој бил користен како кралска резиденција од 18. век до средината на 20. век. Тој е без сомнение национална гордост и еден од најпосетуваните споменици на Тајланд, кој не смее да се пропушти. Ќе ја посетиме локалната фабрика за лапидариуми, каде ќе може да купиме накит и свила по достапни цени.
Посета на Коралните острови со моторен чамец и вклучен оброк од морски плодови
Поаѓаме од Бангкок на трансфер до Патаја. Во Патаја се качуваме на моторен чамец кон островот Ko Lan. Слободно време за забава и уживање на сликовито убавата плажа Tien. Оброк со вкусни јадења од морски плодови, послужени во ресторанот на плажа. Приближно во 15:00 се враќаме во Патаја и понатаму во Бангкок.
Вечера во Baiyoke Sky ресторан (шведска маса) Од хотелот одиме во ресторанот Bangkok Sky, кој се наоѓа во облакодерот Baiyoke Sky Tower. Вечерата е на шведска маса со најдобри морски плодови и интернационална кујна. Ресторанот е на 76. и 78. кат. По вечерата се опуштаме на 77. кат, во салата со неверојатен ноќен поглед на градот.
Состанок на аеродромот во Софија. Поаѓање за Бангкок преку Истанбул во 21:20 ч. со Turkish Airlines. Авион од Истанбул за Бангкок полетува во 01:50 ч.
Пристигнување во Бангкок во 14:50 ч. Трансфер до хотелот. Слободно време до крајот на денот. Можност за традиционална тајландска масажа, да вкусите од локалните специјалитети и да го посматрате залезот на сонцето од некој од баровите на покривите на градските облакодери, подигнати последните години. Можностите се неограничени. Ноќевање во хотел Royal Bangkok Chinatown 4* или сличен во Бангкок. Ноќевање.
Појадок. Трансфер во 07:00 ч. до некогашната престолнина Ајутаја и руините на тој преубав островски град, чиј што поголем дел бил разрушен уште пред 250 години од бурманската војска. Денес можеме да ја видиме големината на тие руини, во храмовите Wat Yai Chaimongkhon, Wat Phanan Choeng и Wat Mahathat – каде корените на дрвото ја голтнале главата на една од фрлените статуи на Буда. Потоа ќе се качиме на традиционалниот чамец со долга опашка, на крстарење околу островот за да се видат урнатините на градот од поинаква перспектива. По ручекот во еден од локалните ресторани, продолжуваме кон следната провинција на Тајланд – Кампаенг Пет. Пристигнување и сместување во хотел Chakingrao Riverview 3* или сличен во Кампаенг Пет. Ноќевање.
По појадокот тргнуваме кон следната точка – Лампанг. По пристигнување следи разглед на храмот Wat Phra That Lampang Luang. Комплексот е во Лана стил, сместен на ридот, опколен со карпи. Се качуваме по скалите кои водат кон комплексот од 7 згради и светото дрво. Тука е бронзената статуа на Буда, како и реликвијата на Буда златното дете. Продолжуваме кон засолништето за повеќе од 50 азијатски слона – Thai Elephant Conservation Centre, живеат во природно опкружување. Најголамата атракција се 6 слона од Кралските стаи. Следи ручек во локален ресторан, пред продолжување кон Чианг Маи, познат и како „Северна роза“. Пристигнување и сместување во хотел Holiday Inn 4* или сличен во Чианг Мај. Слободно време. Можете самостално да го разгледате градот или да се релаксирате со тајландска масажа (не е вклучено во цената). Вечерта, по желба можете да отидете до ноќен пазар (куса прошетка) или да пробате „кантоке вечера“ со традиционални танци. Ноќевање.
По појадокот посета на храмот Wat Phra That Doi Suthep – еден од најпочитуваните храмови тука. Ова свето место се наоѓа на врвот на планина, од каде што се простира преубава панорамска глетка кон градот. За да стигнеме до храмот треба да искачиме 309 скали или како алтернатива да се возиме со вовче до врвот. Потоа ќе посетиме пазарен рај – 10 километарската улица San Kamphaeng Road, со продавници со локална стока: керамика, сребрени прибори, рачно изработена хартија, скулптури, бижутерија, дрворезби и бакарни производи. Во некои од продавниците дури може да се надгледа изработката на продуктите. По ручекот во локален ресторан се враќаме во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
По појадокот тргнуваме за Лампун, дом на еден од најважните северни храмови, вековниот Wat Phra That Hariphunchai. Посета на храмот и на статуите на Буда, прекрасните столбови, вклучувајќи го 46-метарското златно дете Буда во Лана стил, како и 21-метарското дете во стил Харипунчај. Продолжуваме кон историскиот парк во Сукотаи, каде се наоѓаат остатоците од првата престолнина на Сијам, Сукотаи, основана во XIII век, во превод „Зора на среќата“. Тоа место го означува почетокот на златниот век на тајландската култура, каде што е создадено нивното писмо, за време на владеењето на кралот Рамкаменг Велики. Историскиот парк содржи остатоци од скоро 200 згради, вклучувајќи и дузина храмови. Комплексот е под заштита на УНЕСКО. Сместување во хотел Legendha Resort 4* или сличен во Сукотаи. Ноќевање.
По појадокот поаѓање кон провинцијата Лопбури. Овој историски град е познат по големиот број на мајмуни, кои слободно шетаат по улиците. Ќе ги посетиме остатоците на древниот храм Khmer од Phra Prang Sam Yot и соседното светилиште Brahman од San Phra Kan, кое е познато и како „Храмот на мајмуните“. Попатно ручек во локален ресторан, а потоа продолжуваме кон Бангкок. Пристигнување и ноќевање во хотел Royal Bangkok Chinatown 4* или сличен во Бангкок
Појадок. Слободно време. Вечерта по желба: Вечера во Baiyoke Sky ресторан на шведска маса. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. Излет по желба: Посета на Пловечкиот пазар во Damnoen Saduak.Слободно попладне. Ноќевање
Појадок. Слободно време или излет по желба: Посета на Кралскиот дворец во Бангкок. Враќање во хотел. Вечерта: Трансфер до аеродромот во Бангкок. Летот преку Истанбул. Пристигнување во Софија во 08:55ч.