ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Авионски програми - Барселона
Барселона

 

БАРСЕЛОНА - АВИОН - ВЕЛИГДЕН

Барселона - булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани...

 

4 Дена / 3 ноќевања / Авион

26.април.2019 (петок)                        СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:15 часот. Полетување за Барселона во 18:15 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

27.април.2019 (сабота)                     БАРСЕЛОНА

Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал - главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија - централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани... Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.

28.април.2019 (недела)                БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас+Герона)

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки. Можност за факултативна посета на Фигерас со Герона – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar.... Ноќевање.

29.април.2019                              БАРСЕЛОНА

Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на стадионот Камп Ноу, музејот на ФК Барселона - модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” - ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Можност за посета на видиковецот Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот. Трансфер до аеродром. Во 21:50 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот по полноќ.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

 

27.840,00 мкд (449 евра)

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

ü Авионски превоз на наведената релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair

ü Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

ü Трансфер аеродром – хотел – аеродром

ü Сместување во хотел Виладомат 3*** на база 3 ноќевања со појадок

ü Организиран разглед на Барселона по програмата

ü Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

Ø Аеродромски такси по лице се 3.950 денари

Ø Кабинска торба до 10кг (со димензии 55х40х23см) ден 1.300 ден

Ø багаж за чекирање – куфер до 10 кг 1800 ден,

Ø багаж за чекирање куфер до 20 кг 3300 ден,

Ø Влезници за Камп Ноу 25 евра, Аквариум 20 евра

Ø Посета на Парк Гуел, Шпанско село и Тибидабо 55 евра (превоз и влезници)

Ø Посета на Фигерас и Герона 60 евра

Ø Фламенко шоу со пијалок 40 евра

   Доплата за еднокреветна соба 9.000 ден

Ø Туристичка такса 560 ден се плаќа во агенција

Ø Билети за јавен превоз со метро

Ø Патничко – здравствено осигурување

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници

* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 14 дена пред поаѓање

* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

* Калкулацијата за факултативните излети е направена ан минимум 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција

* Пасошот треба да важи минимум 180 дена по завршувањето на патувањето