LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Автобуски Програми - Атина 09.10-13.10
Атина 09.10-13.10

АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век...и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката... Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат... Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста... Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба...

 

Термин09 Октомври

1 ДЕН  09.10.2019СКОПЈЕ –АТИНА

 Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање за Атина во 18.30 часот.Ноќно возење со попатни паузи поради одмор и царински формалности.

2 ДЕН  10.10.2019АТИНА

Пристигнување во Атина во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Панорамско разгледување на плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол... Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта предлагаме посета на таверна во живописниот ноќен кварт Плака под Акропол. Традиционална грчка вечера. Ноќевање.

3 ДЕН  11.10.2019АТИНА-ПЕЛОПОНЕЗ

Појадок. Целодневен излет на Пелопонез. Посета на Коринтскиот канал, нај-акустичниот амфитеатар од Античка Грција-Епидаурус, гратчето Нафлион - Првата престолнина на Грција, Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и. гробницата на Агамемнон.   Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН  12.10.2019АТИНА-ПИРЕЈА-СУНИОН-СКОПЈЕ

Појадок. Ве водиме на полудневен излет со посета на пристанишното место  Пиреја и нејзините Марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до  Сунион-најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон .По посетата, патувањето продолжува кон Скопје, покрај Камена Вурла, кланецот Термопили каде се наоѓа споменикот на Кралот Леонидас, Лариса. Ноќно возење со попатни паузи.

05ДЕН 13.10.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.07.2018: 119 евра / 7.380 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ129 евра / 8.000 денари

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

- Автобуски превоз на наведената релација

- Сместување на база  2 НП во хотел 3*

- Организација на аранжманот и пратител на групата

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

- Задолжително патничко осигурување 175 ден

- Разглед на градот (10€)

- Факултативна посета на Пелопонез (35 €)

- Вечера во Таверна (35€)

- Посета на Пиреј и Сунион (10€)

- Влезници за локалитетите и други факултативни посети

- Доплата за еднокреветна соба 3.100 ден

 

НАПОМЕНИ:

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

* Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

* За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.

*Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.