ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Париз

ПАРИЗ - ДИЗНИЛЕНД 
Авион / 5 дена / 4 ноќевања 
со вклучен 3 часовен разглед со локален водич 

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 15:00 часот.Полетување за Париз во 17:35 часот со директен лет на компанијата Wizz Air,слетување во Париз во 20:40.Приватен трансфер до хотелот,сместување во хотел.Ноќевање.

2 Ден 07.03.2019 (Четврток) Париз
Појадок.Превоз до градот и три часовен панорамски разглед со локален водич.Посета на Елисејските полиња,Триумфалната капија,плоштадот Конкорд,црквата Мадлена,операта Гарние,плоштадот Вандом,музејот Лувр, островот Сите,латински кварт,Богородичната црква, Сорбона,Луксембуршки парк,Инвалидите, Трокадеро,Ајфелова кула.Слободно време за одмор и ручек.Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула со метро (влезницата се доплаќа). Препорачуваме вечера на Трокадеро или (Факултативна посета) на Француското кабаре Мулен Руж.Враќање во хотел.Ноќевање.

3 Ден 08.03.2019 (Петок) Париз
Појадок.Во 08.30 часот факултативна полудневна посета на дворецот Версај и парковите.Ремек делото на францускиот класицизам,величенствениот дворец Версај,една од најлуксузните кралски палати во Европа.Прошетка по кралските апартмани,салата со огледалата и прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј ХIV,со многубројните фонтани,скулптури и прекрасни фигури од зеленило...Слободно време за прошетка,шопинг и ручек.Во попладневните часови организирано крстарење со брод по Сена(влезниците се доплаќаат).Разгледот завршува на Елисејските полиња од каде ќе имате можност да ја видите Триумфалната капија и познатата авенија Шанзелизе.Препорачуваме вечера во некој од француските традиционални ресторани.Враќање во хотел.Ноќевање.

4 Ден 09.03.2018 (Сабота) Париз - Дизниленд

Пој адок.Организирана (факултативна)посета на Дизниленд.За оние кои остануваат во

Париз (факултативна) посета на највисоката кула Монтпар високa 210 метри ,кој се наоѓа во

областа Монтпарнас,кулата вила изградена од 1969 - 1973 година и овозможува прекрасен поглед

на Париз.Со најбрзиот лифт во Европа имате можност за помалку од минута да се искачите на

врвот од кулата.Слободно врем е за ручек.Попладне посета на квартот на сликарите Монмартр и

Базиликата Sacre Couer која парижани ја нарекуваат“белата гулабица“ ,прошетката продолжува до

квартот Пигал,познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge.Во

вечерните часови организирана прошетка до квартот Сан Мишел и Латински кварт. Враќање во

хотел.Ноќевање.

5 Ден 10.03.2018 (Недела)Париз-Скопје

Појадок.Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција,организирана (факултативна ) тричасовна посета на музејот Лувр (превоз со метро). Еден од најбогатите светски музеи- импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви,се до нивното преселување во дворецот Версај.Посета

на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона

Лиза,античката скулптура на Венера.Слободно врем е за ручек. Организиран превоз од хотелот до

аеродром .Полетување за Скопје во 2 1:1 5 часот, слетување Скопје во 23:55.

 

За уплата до 5ти Декември:335€ / 20.770 Денари
Цена на аранжманот:359€ / 22.258 Денари

 

Во цената се вклучени следниве услуги:
ñ Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizz Air 
ñ 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* 
ñ Рачен багаж со (димензии 40x30x20 cm) маx до 10 кг.
ñ Организиран трансфер со автобус од аеродром до хотел и обратно
ñ Трочасовен разглед на Париз со автобус и локален водич 
ñ Пешачките тури кои се наведени во програмата
ñ Организација на патувањето 
ñ Придружник за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:
ñ Аеродромски такси 2.990 мкд
ñ Чекиран куфер (1 куфер до 10 кг.) 1.100 мкд.
ñ Чекиран куфер (1 куфер до 20 кг.) 3.700 мкд.
ñ Чекиран куфер (1 куфер до 32 кг.) 5.700 мкд.
ñ Јавен превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 14€ карнет за 10 возења)
ñ Влезница за Ајфелова Кула ( влезница до 2-кат 22€, 3-кат 30€)
ñ Посета на Лувр 35€ влезница+водич (со метро)
ñ Посета на Версај - 65€ влезница+водич,не е вклучена влезница за парковите и чини 9€
ñ Крстарење по Сена 15€ (со метро)
ñ Посета на Мулен Руж со престава (цена од 120€ со пијалок ½ шампањ и место за седење) се патува со метро
ñ Посета на Дизниленд 100€,дете до 11 години 90€(превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
ñ Влезница за Монтпарнас 
ñ Задолжително здравствено и патничко осигурување 150 мкд.
ñ Туристичка такса во хотел околу 3€ по лице на ден.

Важна напомена:
ñ Плаќањето е задолжително во денари по курс 1 Еур=62 Денари.
ñ За ова патување потребен е валиден биометриски пасош, валиден мин 120 дена од денот на враќањето 
ñ Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
ñ За резервација задолжителна уплата аванс од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
ñ За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
ñ За овој аранжман важат општите услови на патување на  СКТМ
ñ Можност за плаќање на 4 месечни рати (Ноември,Декември,Јануари,Февруари)