АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
Виена

Vienna's Christmas Markets | Butterfield & Robinson

Виена – главниот град на Австрија, град на уметноста и царскиот сјај – плени со својата уникатна мешавина од историја, култура и модерен живот. Некогашна престолнина на Хабсбуршката монархија, денес е дом на величествени палати како Шенбрун и Хофбург, импресивни музеи, елегантни паркови и богато музичко наследство. Градот на валцерот, кафе-културата и уметноста нуди романтична архитектура, светски познати уметнички колекции, шармантни кафулиња и вкусна локална гастрономија.

Во декември, Виена се претвора во зимска бајка. Улиците блескаат во празнични светилки, плоштадите оживуваат со божиќни маркети, а воздухот мириса на цимет, печени костени и топол пунч. Традиционалните мелодии создаваат празничен дух, совршен за романтична прошетка, семејна магија или пријатно зимско истражување.

 

План и програма: 19.12. - 22.12.2025.

 

1 ден - 19.12.2025.

Состанок на групата на аеродром во Скопје најмалку 2 часа пред лет.

Директен лет од Скопје до Братислава со авиокомпанијата  WIZZ AIR во 12:05 ч.

Пристигнување во Братислава во 13:40ч. Организиран превоз со автобус до хотелот во Виена. Слободно време за посета на божиќниот маркет во центарот на градот. Пристигнување во хотел и сместување. Ноќевање.

 

2 ден - 20.12.2025.

Појадок. Организирана посета на најпознатите атракции во Виена – музејот на уметност Kunsthistorisches Museum Wien, Виенската опера, Парламентот, Градското собрание. Враќање во хотелот. Ноќевање.

 

3 ден - 21.12.2025.

Појадок. Организирана посета до главниот Универзитет, Националниот театар и катедралата Св. Стефан, Holfburg – 600 стара палата, резиденција на Хабсуршката монархија и дворецот Шенбрун (Schönbrunn) – поранешна летна резиденција на Хабсурзите. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

4 ден - 22.12.2025.

Појадок. Трансфер до аеродром. Директен лет Братислава – Скопје. Поаѓање од Братислава со авиокомпанијата WIZZ AIR во 14:15ч. Пристигнување во Скопје во 15:50ч.

 

Цена на аранжманот: 419€ /25,978ден

 

Во цената е вклученo:

  • Авионска карта на релација Скопје – Братислава - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*, во двокреветни или трокреветени соби, трето легло во собите е помошно (дополнително), цената е иста како за стандардно легло).
  • Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
  • Претставник на македонски јазик
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона

 

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Факултативни излети
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

 

Напомена:

  1. Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
  2. Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
  3. Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.