ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Ladonia Adakule 5*

Положба: Хотелот е сместен во сопствен приватен залив, опкружен со карпести брегови, што му дава уникатна изолација и прекрасен панорамски поглед на Егејското Море. Се наоѓа на околу 3 км од центарот на Кушадаси и неговите главни шопинг зони, ресторани и ноќен живот. Марината во Кушадаси е оддалечена на околу 5 минути возење.

 

Сместување: Хотелот располага со 326 сместувачки единици (стандардни, двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби). Собите се опремени со: клима уред и LCD телевизор со сателитски канали, минибар и сеф. сопствена бања со туш, фен за коса, папучи и бесплатен тоалетен прибор.

 

Повеќето соби нудат поглед кон морето или градината, а дел од нив располагаат со сопствен балкон.

 

Услуга: Хотелот функционира на база на All Inclusive (се вклучено)  што опфаќа појадок, ручек, вечера и ужина на база на шведска маса, како и локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Располага со главен ресторан кој служи егејска и турска кујна, a-la-carte ресторани (италијански и рибен), неколку барови (лоби бар, бар покрај базен, бар на плажа) и ноќен клуб.

 

Бесплатни услуги: Користење на надворешни базени и детски базен, аква парк со водени тобогани,лежалки и чадори на приватната плажа и покрај базените, Wi-Fi интернет во јавните простории, фитнес центар и паркинг, детско игралиште и мини клуб за деца.

 

Услуги со доплата: Услуги во спа центарот (масажи, третмани за лице и тело), водени спортови (нуркање, скијање на вода), доктор на повик, услуги за перење алишта, рент-а-кар, пијалоци по 23:00 часот (зависно од концептот) и увозни алкохолни пијалоци.

 

Содржини: Приватна плажа, 2 надворешни базени, внатрешен базен, спа и велнес центар (турска бања, сауна, џакузи), конференциски сали, продавници, фризерски салон и менувачница.

 

Плажа: Хотелот има сопствена приватна песочна и бетонска плажа (понтони) во рамки на заливот. Познатата плажа Ladies Beach е оддалечена околу 6.8 км. Поради специфичната конфигурација на теренот, пристапот до плажата е со лифт или скали.

Спорт и забава: Тениски терени, фудбалско игралиште, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, билијард, игротека (аркадни игри), дневна и вечерна анимација, жива музика и диско клуб.

 

ТЕРМИН АРАНЖМАН 10 НОЌИ
01.06-11.06 499 eur
06.06-16.06 499 eur

 

Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база HB ( појадок и вечер ), клима и превоз.

Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.

 

За дете до 5.99 години: 80 eur.
За второ дете: 20% попуст.
За деца од 6 до 11.99 години: 20% попуст.

 

Во цената е вклучен и превоз Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија – Кушадаси и обратно.
За превоз од Битола / Прилеп / Штип / Кочани – Кушадаси се доплаќа 10 € по лице.

 

Само превоз Скопје – Кушадаси

 

Возрасни:
Повратен билет 150 eur
Билет во еден правец: 120eur

 

Деца до 11.99 години:
Повратен билет 120 eur
Билет во еден правец: 80eur