Прага

БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО ПРАГА

авионска програма со лет од Скопје

Skopje (SKP) -Prague (PRG)
19/12/2025 14:20 -19/12/2025 16:35
Prague (PRG) -Skopje (SKP)
22/12/2025 17:10- 22/12/2025 19:10

 

Промо цена 549 евра за резервации до 01.11.2025 ( Задолжителен пакет факултативи 160 евра уплата во канцеларија )

Редовна цена 599 евра со задолжителен пакет факултативи 220 евра

 

Програма :

Ден 1 – 19 Декември | СКОПЈЕ – ПРАГА

Собир на групата на аеродром Скопје и лет за Прага. По пристигнување – трансфер до хотел и сместување.
Вечерна прошетка со водич низ центарот на Прага – астрономскиот часовник, Стариот плоштад и познатите Божиќни базари со мирис на греано вино и традиционални чешки колачи. Ноќевање.

Ден 2 – 20 Декември | ПРАГА – РАЗГЛЕД НА ГРАДОТ
Појадок. Полудневна пешачка тура со локален водич: Храдчани (Кралскиот замок, катедралата Св. Витус, Златната уличка), спуштање кон Карловиот мост, прошетка низ Мала страна и центарот на Прага.
Слободно време за индивидуални прошетки.