ЛЕТО 2020 - ГРЦИЈА
Мадрид

Опис на патувањето

7. Март (Сабота) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ - МАДРИД

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 07:30 часот. Полетување за Мадрид преку Истанбул во 09:05 и пристигнување во 16:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Прошетка низ центарот на Мадрид и можност за посета на Кралската палата од 18 век, една од најдобро зачуваните во Европа, каде се одржуваат најзначајните кралски церемонии, гала вечери и приеми... Ноќевање.

8. Март (Недела) МАДРИД

Појадок. Прошетка преку познатиот парк Ретиро и посета на еден од најголемите музеи во светот, музејот Прадо, кој располага со една од најбогатите светски збирки на уметнички дела на прочуените шпански уметници: Ел Греко, Веласкез, Гоја, Рибера, Мурило... Прошетката продолжува со посета на стадионот „Сантиаго Бернабеу“,  на кој настапува славниот фудбалски клуб „Реал Мадрид“. Во вечерните часови, факултативно, можност за уживање во заводливиот ритам на шпанската музика и танци Фламенко, надополнети со популарниот пијалок сангрија. Ноќевање.

9. Март (Понеделник) МАДРИД

Појадок. Прошетка низ центарот на “Кралскиот град”, по познатата авенија Гран виа, плоштадот Пуерта дел сол, фонтаните Нептуно и Сибелес. Посета на музејот REINA SOFIA, познат по делата на сликарските великани: Пикасо, Миро и Дали, каде се наоѓа и славната Пикасова “Guernica”.  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек во некој од одличните ресторани во градот, познат по своето гастрономско богатство. Препорачуваме посета на музејот THYSSEN BORNEMISZA. Ноќевање.

10. Март (Вторник) МАДРИД – ТОЛЕДО

Појадок. Слободно време за утринско кафе и торта. Екскурзија до Толедо, град-музеј под заштита на УНЕСКО, патување до срцето на Кастилја и старата престолнина на Шпанија. Посета на видиковецот на брегот на реката Тахо од каде што се пружа прекрасна глетка кон градот. Во културно - историското наследство на Толедо длабоки и сеуште видливи траги оставиле Христијаните, Арапите и Евреите. Градот е ризница на историски знаменитости од готика до барок. Посета на црквата Св. Томас позната по ремек делата на големиот уметник Ел Греко. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

11. Март (Среда) МАДРИД – ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

Појадок. Трансфер до аеродромот во Мадрид. Полетување за Истанбул во 12:15 часот. Пристигнување во Истанбул во 18:35 и полетување за Скопје во 20:10 (локално време). Слетување во Скопје во 19:50 часот.

За уплата до 31 Јануари цената е 499 евра

Редовна цена на аранжманот е 599 евра

Во цената на аранжманот е вклучено

  • Авионски превоз на релацијата Скопје-Истанбул-Мадрид и Мадрид-Истанбул-Скопје со вклучени аеродромски такси
  • Багаж за чекирање до 30 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба со димензии 55х40х20см до 8 кг)
  • Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Мадрид и обратно
  • Сместување во Хотел 3/4* во Мадрид на база 4 ноќевања со појадок
  • Прошетки во Мадрид според програмата
  • Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено

  • Факултативни посети: Посета на Толедо со вклучен автобуски превоз 45 евра, Фламенко...
  • Влезници во локалитетити
  • Карти за локален превоз (метро)
  • Патничко-здравствено осигурување 300 денари

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето