КОПАОНИК НОВА ГОДИНА
30.12.2023- 02.01.2024
Дочекајте ја Новата 2024 година во топол и пријатен амбиент во Апарт Хотел КОПАОНИК БРЗЕЧЕ, со прекрасен поглед од најубавите пејсажи и снежните падини на КОПАОНИК *
30.12.2023 Скопје - Копаоник
Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:30 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 07 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот.Ручек.Слободно време за индивидуални активности во Брзече.Вечера.Ноќевање.
31.12.2023 Копаоник
Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за опционална посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со нивните убавини. Организиран превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник.
Напомена:
Moжност за скијачите: превоз со гондола на оддалеченост од 300м од хотелот - Бела река која води до Мали Караман со купена ски карта.. Во договорено време со водичот, враќање во хотел и припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера со музика и забава со локален бенд. Ноќевање.
01.01.2023 Копаоник
Појадок. По појадокот,Слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена вечера и музика. Ноќевање.
02.01.2023 Копаоник-Скопје
Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.
Термин ► |
30.12.2023 - 02.01.2024 |
Ран Букинг: |
180 € до 01.11.2023 |
Редовна цена |
199 € |
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Туристичка такса се плаќа на рецепција 1 € од ноќ
Деца од 5 до 9 години: Плаќаат 140 € користат сите услуги за Нова Година
Индивидуални патувања или термини на барање без превоз за Апарт хотел Брзече:
Користење + ден се доплаќа 30€ возрасни 15 € деца (Услуга: ноќевање со појадок)
Користење+ ден се доплаќа 33€ возрасни 16.5 € деца (Услуга: полупансион)
Користење+ ден се доплаќа 36€ возрасни 18,5 € деца (Услуга: полн пансион)
ВАЖНИ И Н Ф О Р М А Ц И И
*Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата,Начин на плаќање е во денерска противвредност 62..
*Цената на аранжманот е пресметана на минимум 40 лица (автобус)
*Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред терминот за патување. Или доколку се согласи групата се зголемува цената во зависност на број на патници колку се пријавени.
*2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање
*Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 3 месеци по враќање од патувањето или со лична карта) уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.
*Аконтацијата се уплака: 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.
*Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.
*Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.
*Доколку патникот е незадоволен има право да се обрати на претставникот на агенцијата и на лице место да пополни Записник; или може во рок од 5 работни дена по завршување на аранжманот да поднесе приговор
*Организаторот го задржува правото да ја намали или зголеми цената во случај на промена такса, копнен сообраќај, додатен багаж,покачување во делот на енергетиката,како и хотелски услуги).Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите по политиката на локалната агенција. Факултативите задолжително се резервираaт во агенцијата при самата уплата по избор.
*Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
*Се информираат патниците дека со себе можат да носат 1 патна торба како и личен багаж доколку носат скии треба да ги пријават поради одреден број на носивост и дозволем багаж.
Се информираат патниците доколку носат ски опрема да пријават во агенција поради типот на автобусот
*Поради густиот сообраќај или зимската сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
*Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото, доколку има снег на патот локалниот партнер во интерес на патниците може да си најми друг автобус или комбиња само поради непристапност на патот во зимските услови доколку ни дозволи истиот
*Во студио, апартман, хотел е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
*Сместување на патниците е во 14ч,услуги пансионски се по протоколи на самиот хотел
*Локалниот водич или пратителот на патувањето има право да го отстрани патникот или да направи промена во редослед поради (непотчитување на правилата на агенцијата, за предупредување, непочитување на саатнините закажана однапред од страна на агенцијата и локалниот водич.)
*Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата застој во сообраќај, локални штрајкови, снег на пат, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата.
*Во случај на промена на монетарниот пазар и како и зголемување на горивото организаторот го задржува правото на промена на цените да ги зголеми и намали цените,Плаќањето е во денарска противвредност по курс 62 денари.Плаќање со кредитни картици,вирмански,фирми, ,здруженија регистрирани. Во готово-авансно плакање од вкупната цена,а остатокот најдоцна 10 дена пред поагање.Доколку не е договорено поинаку со анекс договор
*Важат Општите услови