ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
Автобуски програми - Будва (втора програма) - со поаѓање од Струмица
Будва (втора програма) - со поаѓање од Струмица

Christmas and New Year in Montenegro | Apart Hotel "Harmonia" Budva

1ден 30.12 (вторник)  МАКЕДОНИЈА - БУДВА

Поаѓање од Македонија од повеќе Градови: Струмица 21:00 | Радовиш 21:30 | Штип 22:00  | Св.Николе 22:20 | Куманово 23:00 | Скопје 23:45 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2ден 31.12 (среда) БУДВА - ДОЧЕК НОВА *2026* ГОДИНА со  АЦО ПЕЈОВИЧ
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во хотел MB кој се наоѓа на одлична локација во Будва. Слободно попладне  за одмор и индивидуални прошетки низ Будва (Кејот на познатата Словенска плажа, посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии). Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови (индивидуално). Во најлудата ноќ ќе настапат познати музички звезди - Теодора Шчепанович, Емина Јахович и дочек со звездата Ацо Пејович. Ноќевање.

 

3ден 01.12 (четврток)  БУДВА - ДУБРОВНИК - БУДВА 
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник, кој представува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Се патува преку Тиват со траект. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Потоа следи враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. На првиот ден на 2026 посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на прекрасната музика на Бело Дугме и Група Перпер. Ноќевање.

 

4ден 02.01 (петок)  БУДВА - КОТОР - ТИВАТ - ПОРТО МОНТЕНЕГРО - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

Цена на аранжманот:  139€ / 8.620мкд

Промо цена:  109€ / 6.760мкд

 

Во цената е вклучено:

- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
2 ноќевања во >  MB Hotel 3*  < во Будва;
- Организација, реализација на програмата;
- Пратител на групата.

 

Во цената не е вклучено:
Целодневна посета на Дубровник   30€;
Посета на Котор, Тиват - Порто Монтенегро   20€;
Организиран трансфер од Будва до Тиват на 31.12 за настапот на Лепа Брена 15€;
- Влезници за музеите и културно историските споменици;
- Задолжителна туристичка такса 5€ за цел престој (се плаќа во агенција);
- Патничко и здравствено осигурување.
- Доплата за избор на седиште во автобус 20€ во два правци.

 

Напомена: 
- Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот,  доплата нај касно 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето (можност за патување со лична карта).
- Важноста на патната исправа е лична обврска.
За влез во Хрватска потребен е пасош. 
- За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници.
- Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот.
- Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање.
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот за реализација на програмата.