Прага - 19.03. - 22.03.2026
19.03.2026 (Четврток) СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата во 10.30 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на пасошки и царински формалности.
20.03.2026 (Петок) ПРАГА
Пристигнување во Прага во претпалдневните часови. Следи панорамски разглед на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.
21.03.2026 (Сабота) ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок. Ден предвиден за целодневен факултативен излет до Дрезден. Денес, главен град на покраината Саксонија , а некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Градот е основан уште во 600год. н.е на обалата на реката Елба. Во еден период бил населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден итн. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Ноќевање.
22.03.2026 (Недела) ПРАГА – ПАРНДОРФ (ШОПИНГ) - ВИЕНА - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон Виена во 08:00 часот со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF. Време предвидено за шопинг, кафе, ручек и индивидуални прошетки. Поаѓање од Parndorf и продолжување кон Виена. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. По пристигнувањето, следи панорамски разглед на градот со автобус: Стефан Плац, Катедралата Св. Стефан и поширокото централно градско јадро. Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и пасошки и царински формалности низ Унгарија. Пристигнување во Скопје наредниот ден во утринските часови.ПР
ПРОМО ЦЕНА ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2025 – 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот - 179€/11.098ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената е вклучено:
- Автобуски превоз со високо туристички автобус
- Сместување во хотел со 3* во Прага на база 2 ноќевања со појадок
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Посета и разглед на Виена
- Комплетна организација и реализација со лиценциран туристички придружник
Во цената не е вклучено:
- Задолжителен разглед на Прага со водич (15€)
- Факултативно вечерно крстарење по В`лтава ( 25€)
- Факултативна посета на Дрезден (40€)
- Индивидуално патничко и здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба 70€/ 4.340мкд
- Туристичка такса 5 евра по лице за престој (се плаќа во автобус)
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.