МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
Авионски програми - Бари - 06.03. - 09.03.2026
Бари - 06.03. - 09.03.2026
Bari: Discover the Charm of this Coastal City
06.03. (петок) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата два часа пред полетување, полетување во 16:45ч. од Скопје.Слетување во 17:55 ч. во Бари. По пасошки и царински формалности следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка низ Бари. Ноќевање.
 
07.03. (сабота) | БАРИ - ПОЛИЊАНО а МАРЕ - АЛБЕРОБЕЛО
Појадок. Предлог за денешниот ден е посета на Алберобело и Полињано а Маре. Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви, кои претставуваат еден од најголемите безвременски примери на италијанската народна архитектура. Локалните жители ја добиле идејата за изградба на трули, уникатни привремени куќи изградени од камен, со цел да избегнат високи плаќања кон владетелите во тој период. Процесот на трансформација и обнова, како и оригиналноста на делото, им обезбедија на овие градби признание за светско наследство. (УНЕСКО). А пак Полињано а Маре е едно од најубавите приморски гратчиња во Пуља, која беше прогласена за една од петте омилени дестинации за летен одмор за Италијанците во 2016 година.Камените улици, мирните плоштади и мистичните морски пештери, му даваат посебен шарм на градот. Враќање назад во Бари каде што ќе имате слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
 
08.03 (недела) | БАРИ - МАТЕРА
Појадок.Предлог за денешниот ден е посета на градот Матера. Возење низ живописната природа до градот Матера, кој беше Европска престолнина на културата во 2019 година и е на листата на светско наследство на УНЕСКО поради своите карактеристики. Интересно за овој град е што многу локални жители живеат во куќите на своите предци кои биле изградени пред повеќе од 9.000 години. Благодарение на својата местоположба, Матера го зачувала својот стар изглед низ вековите. Слободно време. Враќање во Бари. Ноќевање.
 
09.03 (понеделник) | БАРИ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјава од хотел и можност за прошетки во Бари до време за организиран трансфер. Околу 15:30 часот трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 18:30ч. слетување во 19:40 ч.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 349 €

ЗА ПРВИТЕ 8 ПРИЈАВЕНИ !
РЕДОВНА ЦЕНА :  399 €

 

Во цената е вклучено:

  • Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
  • Аеродромски такси
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Бари
  • Превоз аеродром – хотел – аеродром
  • Организација и претставник од агенцијата

 

Во цената не е вклучено:

  • предлог екскурзии
  • туристичка такса – 3 € по лице на ноќ
  • патничко осигурување
  • влез во локалитети

 

ПРЕДЛОГ ЕКСКУРЗИИ:

АРБЕЛОБЕЛО & ПОЛИЊАНО А МАРЕ(превоз, претставник од агенција) - 70 € по лице

МАТЕРА(превоз, претставник од агенција) - 80 € по лице

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.