Појадок во хотел. Одјавување од собите , по одјавувањето од собите следува организиран разглед на Ларнака. Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака или ,,душата на Кипар” е најстариот град на островот со богата историја која датира уште од пред 10.000 години, а денес модерен космополитски град, подеднакво убав и како град и како ресорт. При разглед на градот Ларнака, ја посетуваме црквата Св.Лазар. Овој храм е лоциран во срцето на градот и се смета за најубав на островот. Во него до ден денес, се чуваат моштите на Лазар, кого, според Библијата, Исус Христос го воскреснал. Продолжуваме кон средновековна тврдина која се наоѓа на крајот од живописното шеталиште Финикудес, е една од најпознатите знаменитости на градот. Првично изградена во 14 век, веројатно од Лузињанците, тврдината подоцна била зајакната од Османлиите во 17 век и се користела во различни периоди како воена база, затвор и одбранбена структура што го чувала пристаништето. Денес, тврдината стои како добро сочуван потсетник на средновековното и отоманското минато на Кипар, нудејќи им на посетителите уникатен поглед во повеќеслојната историја на островот. Нејзините дебели камени ѕидови, заоблени сали и издигнати бранови обезбедуваат панорамски поглед на Средоземното Море. Предлог за ручек во една од традиционалните таверни во Ларнака со поглед кон море и дегустација на традиционално сирење Халуми и Клефтико . Собир на групата пред хотел во договорено време и поаѓање према аеродром во Ларнака со организиран трансфер. Планирано полетување од Ларнака во 14: 20 . Пристигнување во Скопје 16:35 по локално време.
Цена на аранжманот: 399eur
Во цената е вклучено
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Аја Напа
Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
Аеродромски такси
Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm; ( дозволено едно парче багаж )
Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
Факултативна посета на Аја Напа и Ларнака
Факултативна целодневна посета на Никозија
Во цената не е вклучено
Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm) – (информации во агенција )
Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)
Важно
За реализација на програмата потребно е група од 25 патника
За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
Деца 3-11.99г плаќаат 250евра
Општи напомени
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.