АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Автобуски програми - Будимпешта
Будимпешта

Where to Stay in Budapest (Updated 2025)

05.03.2026 (Четврток) СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА 
Состанок на групата во 16.00 часот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку граничниот премин Табановце и Србија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. 
 
06.03.2026 (Петок) БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта. Следи разглед на градот со локален водич. Плоштадот на Хероите, Унгарскиот парламент, третата најголема зграда во светот чија изградба траела цели 20 години и тоа исклучиво со унгарски материјали, Базиликата Св. Стефан - најголемата црква во Будимпешта изградена во 50-ите години на 18 век, Плоштадот Елизабета, Мостот Сечени, Жичарата Хил, Замокот Буда кој исто така е познат и под името Кралската Палата, претставувал дом на раскошни церемонии за време на Австро-Унгарска империја, а денес прекрасен Музеј на Будимпешта. По разгледот на прекрасниот музеј се упатуваме кон црквата Матијаш каде се крунисани Франц Јозеф I и неговата жена Елисавета во 1867 година со што започнува и основањето на Австро-Унгарската империја. По разгледот на импозантната црква се упатуваме кон Рибарската Тврдина, прекрасна знаменитост составена од седум кули кои ги претставуваат седумте Маџарски племиња. Се наоѓа на врвот на замокот Хил и обезбедува спектакуларен поглед на градот и реката Дунав. По разгледот следи слободно време за уживање во добро кафе или ручек индивидуално на познатата Ваци улица. Во попладневните часови во договорено време со водичот сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални активности. Ноќевање.
 
07.03.2026 (Сабота) БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот заминуваме на факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, лоцирано во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. На средина на местото се наоѓа и црквата Свети Андреја околу која се тесните улички кои ги привлекуваат туристите со својата средновековна тишина. Враќање во Будимпешта. Вечерта предлага уживање во факултативно крстарење со звукот на класичната музика преку кое ќе ги видитепрекрасните мостови и најубавите и најпознати зданија кои светат навечер, а број еден е секако Парламентот. После крстарењето можност за факултативна вечера во национален ресторан Чарда каде ќе се забавуваме со традиционална музика со уживање во вкусовите на традиционалната унгарската кујна. Ноќевање. 
 
08.03.2026 (Недела) БУДИМПЕШТА - СКОПЈЕ             
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување на попатна посета на шопинг мол каде ќе може да уживате во одлични промо цени на светски познати бреднови. Во договрено време во попладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови. 
 
ПРОМО цена за резервации со комплетна уплата до 31.12.2025  - 134€/8.308ден
ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 - 149€/9.238ден
Редовна цена на аранжманот - 169€/10.478ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
 
Во цената е вклучено: 
- Автобуски превоз со високо туристички автобус
- Сместување во хотел со 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок 
- Комплетна организација и реализација со лиценциран туристички придружник 
 
Во цената на аранжманот не е вклучено: 
- Задолжителен разглед на Будимпешта со водич (10€)
- Факултативно крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20€)
- Факултативна посета на Сент Андреа (25€)
- Факултативна вечера во национален ресторан (50€)
- Индивидуално патничко и здравствено осигурување 
- Неспоменати индивидуални трошоци 
- Доплата за еднокреветна соба 55€/ 3.410мкд
- Туристичка такса 4 евра по лице (се плаќа во автобус)
 
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек. 
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.