АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
МАЈСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Авионски програми - Кушадаси, Ефес, Памук Кале и Измир
Кушадаси, Ефес, Памук Кале и Измир

Прв ден: 10.04.2026 (петок)-Скопје-Истанбул-Измир-Кушадаси

06.30 часот. Состанок на групата на аеродромот во Скопје. Полетување кон Истанбул во 08.45 часот, слетување во 11.20 часот по локално време. Летот за Измир е во 13.00 часот, слетување во 14.10 часот. Организиран трансфер со автобус од аеродромот до Кушадаси. По пристигнувањето сместување на групата во хотелот „Derici“ 4**** лоциран во срцето на градот ( https://derici.hotelkusadasi.net/en/ ) Слободно време за одмор од патувањето и индивидуални прошетки низ градот. Вечера. Ноќевање.

 

Втор ден: 11.04.2026 (сабота)- Кушадаси-Памук Кале-Кушадаси

Појадок. Организирано заминување со автобус кон Памук Кале. Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени. Тука ќе ја  имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на шведска маса, а потоа организирана посета на единствениот природен феномен во светот - Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуално разгледување на комплексот. Во попладневните часови се враќаме назад во Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Трети ден: 12.04.2026 (недела)-Кушадаси-Куќата на Богородица-Ефес

Појадок. Организирано заминување на групата кон Ефес и престој на едно од најсветите места за Велигден - куќата на Дева Марија каде Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон  античкиот град  Ефес - трет по големина во Римската Империја. Обиколка на градот со локален туристички водич. а потоа се враќаме во Кушадаси. Слободно време за идивидуални прошетки во градот. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Четврти ден: 13.04.2026 (понеделник)-Кушадаси-Измир-Истанбул-Скопје

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување со автобус кон Измир - древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време трансфер кон аеродромот. Летот за Истанбул е во 15.55 часот по локално време, слетување во 17.20 часот. Летот за Скопје е во 18.55 часот, слетување во 19.25 часот.

 

Промотивна цена за уплата до 26.01.2026: 64евра(40.240 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ749 евра (46.440 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги

• Авионски билет Скопје- Истанбул- Измир-Скопје со вклучени аеродромски такси

• Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 20 кг. по лице

• Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

• 3 ноќевања со појадок и вечера во хотел со 4* во Кушадаси

• Влезница во Памук Кале

• Користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел  „Пам“  и ручек на шведска маса

• Влезница во куќата на Богородица

• Влезница во античкиот град Ефес

• Посета на Измир

• Лиценциран локален туристички водич за време на целото патување

• Лиценциран туристички придружник

 

Во цената не се вклучени следните услуги:

• Доплата за еднокреветна соба – 90 евра

• Бакшиш за локалниот водич

• Патничко осигурување

 

Напомена: За потврда на резервација е неопходна задолжителна уплата од 250 евра (15.500 денари) најдоцна до 26. Јануари 2026 година. Целосна доплата на аранжманот до 05. Март 2026. Секоја  резервација без уплата е валидна само 48 часа.

 

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 35 патници