МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
Автобуски програми - Боготувачка Бања - 20.03. - 22.03.2026
Боготувачка Бања - 20.03. - 22.03.2026
Ново лице Матарушке и Богутовачке бање
1.Ден 20.03.2026  (Петок) СКОПЈЕ – БОГУТОВАЧКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање. 

 

2.Ден 21.03.2026 (Сабота) БОГУТОВАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА
Појадок. Moжност за  факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа  што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на вклучени во цената. Вечерта свечена 8мо мартовска вечера со музика и неограничени пијалоци.  Ноќевање.

 

3.Ден 22.03.2026 (Недела) БОГУТОВАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

ПРОМО цена за резервации до 31.01.2026 – 129€/7.998ден
Редовна цена на аранжманот 149€/9.238ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба

 

Во цената е вклучено: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Хотел Минерал 3* во двокреветни соби на база 2 ноќевања 
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Користење на базенот со лековита вода 
- Користење на рекреативниот базен со температура на водата до 28 степени, може да се користи во текот на целиот ден ( поврзан е со хотелот ), тепидариум и парно купатило
- Посета и разглед на Врњачка Бања
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

 

Во цената не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативна посета на манастирот Жича со водич - 10€ (доплата на лице место)  

 

Попусти и опционални доплати:
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање) 
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден

 

Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.  
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање. 
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд. 
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите. 
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување. 
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.