ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
ЛЕТО 2023 - ШПАНИЈА
Прага
  1. Март (четврток) СКОПЈЕ - ПРАГА  

Состанок на групата на аеродромот во 10:35 часот. Полетување за Прага во 12:35 ч. Пристигнување во 16:00 часот. Трансфер до хотелот. Слободно попладне. Ноќевање.

  1. Март (петок) ПРАГА

Појадок. Панорамски пешачки разглед на градот со локален водич: Старо место: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно попладне или можност за факултативно крстарење со брод по реката Влтава. Ноќевање.

  1. Март(сабота) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до Карлови Вари - најпознат бањски центар во Чешка, популарно одморалиште на европската аристократија и културната елита во 19-от век. Можност за посета на еден од 12-те извори... прошетка покрај неоренесансните колонади, паркови, кафеани и продавници. Увид во познатите се локалните производи од порцелан, стаклото Мозер како и ликерот Бехеровка. Попладнето, враќање во Прага. Навечер, факулатативна вечера во пивница или национален ресторан. Ноќевање.

  1. Март (недела) ПРАГА - КАРЛШТЕЈН

Појадок. Одјавување од собите. Слободен ден за индивидуални прошетки или факултативен излет до дворецот Карлштејн - некогашната резиденција на кралот Карло четврти, изграден во 14 век. Враќање во Прага во попладневните часови. Слободно време 

Трансфер до аеродромот во Прага во 14ч. Лет за Скопје во 16:40 ч. Пристигнување после полноќ во 00:10 часот.

Цена на аранжманот за уплати до 15.01.2023: 379€ / 23.498мкд 

Редовна цена на аранжманот: 429€ / 26.598мкд

 

 ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

- Авионски превоз на релација: Скопје - Прага – Скопје

* Рачна торба со димензии 10*30*40см

* Кабинска торба 55*40*23см до 8кг.

- Трансфери во Прага: аеродром - хотел - аеродром

- Сместување во хотел *** , на база 3 ноќевања со појадок

- Организиран пешачки панорамски разглед на Прага

- Организација и реализација, придружник на патувањето

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Карти за јавен превоз (метро, автобус...)

- Факултативни излети и посети:

* Карлштејн, со вклучена влезница (50€)

* Карлови Вари (55€)

* Крстарење по В’лтава (25€)

* Вечер во пивница или национален ресторан

- Влезници за музеите и културно - историските споменици

 

НАПОМЕНИ:

- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници

- За реализаци на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници

- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ