ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - ШПАНИЈА
ВОДИЦИ 16.01-19.01.2025 - Куршумлиска Бања Хотел Планинка 4*
Куршумлиска Бања Хотел Планинка 4*

Hotel PLANINKA - Kursumlijska Banja

КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – Хотел Планинка 4*
(за празникот Водици 17 – 19 Јануари)

Куршумлијска Бања е градска населба и бањско лекувалиште во општина Куршумлија. Бањата се наоѓа во котлината на Бањска река, на 442м надморска висина и на 11км од Куршумлија. Комплетно реновираниот хотелски комплекс Куршумлиска Бања е лоциран на падините на шумовитиот Копаоник. Лековитата моќ на термоминералната вода која овде извира била користена уште во времето на Римјаните, а денес достапна до нас преку понудата на современиот медицински и велнес центар на хотелот „Планинка“. 

Цена на аранжманот 189 евра / 11.720мкд
Промотивна цена 169  евра/ 10.480мкд

 

1.Ден  17.01.2025 (Петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊАСостанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Русија . Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирањес во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 18.01.2025 (Сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА  Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 19.01.2025 (Недела)-КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ Појадок. Напуштање на собите според хотелските правила. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови.

 

Цената на аранжманот вклучува:

  • Автобуски превоз на наведената релација.
  • Сместување во хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера на база шведска маса
  • Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
  • Користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
  • Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
  • Туристичка такса

Ценатана аранжманот не вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување.
  • Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)

Попусти и доплати:

  • Дете 2-7 год. во придружба на 2 возрасни лица на дополнителен кревет - бесплатно во хотел, плаќа само превоз 35€/2.170ден
  • Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни лица на дополнителен кревет, плаќа 90€/5.580ден
  • Доплата за сместување во апартман-20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
  • Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник.

Напомена:

*За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници

*Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 10 дена пред поаѓање

*Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

*За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

* Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

* За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ.