
1 ден.Скопје – Гевгелија –Лутраки 30.12.2025 (вторник)
Состанок на групата во договорено време и место. Поаѓање кон Лутраки,со попатни паузи. Преку граничен премин Богорoдица, продолжуваме кон Јаница (Γιαννιτσά). Патот води кон Аридеа. Пристигнување во Лутраки(Пожар). Сместување во хотел. Слободно време за одмор од патувањето и можност за уживање покрај топлината на камините кои им даваат посебна убавина на објектите.
2 ден. Лутраки 31.12.25(среда)
Појадок. Организирана посета на термалните бањи. Слободно време за користење на базените со топла термална вода со температура од 37 степени.(задолжително понесете костим за капење и пешкир). Враќање во Хотел. Во договореното време поаѓање кон ресторан Пантеон. Дочек на Нова година,Свечена вечера со македонска и грчка музика.
3.ден Лутраки – Воден – Гевгелија– Скопје 01.01.26 (четврток)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон Воден. Посета на катарактите и водопадот. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон Македонија со попатнипаузи.
Во цената е вклучено:
· 2 ноќевања со појадок во Хотел Галаксија 3* и Паладиум 3*
· Богата свечена новогодишна прослава во ресторан Panteon со бенд од Македонија
· (Избор на порција –јагнешко, свинско печено или риба со прилог) , салати, неограничен пијалок и десерт
· Превоз на дадената релација Скопје – Велес - Неготино – Д.Капија – Гевгелија и обратно
· Организација на патувањето
· пратител на група
· Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
· Влезница за топлите бањи 3 евра по лице
· Индивидуални трошоци
· За сопствен превоз се одбива 10 евра
· Услови за деца: до 3 год. Бесплатно , за деца од 3 до 12 години се плаќа 50% одаранжманот (користат седиште во автобус, сопствен кревет и Н.Г вечера)