2.Втор ден - Среда (31.12.2025)
Пристигнување во Букурешт во утринските часови и поаѓање на разглед на Букурешт со локален водич. Разгледот започнува со разглед на Букурешт со водич и се упатуваме кон најголемата зграда во Европа – Палатата на Парламентот или како што порано иронично била именувана Палата на народот. Слободно време за фотографирање.
Посета на ново отворената, најголема во светот Христијанска катедрала „Народен спас“ .
Втората знаменитост за посета е Плоштадот на Револуцијата .Најубавиот плоштад во Романија кој е познат по важни историски моменти кои се случувале на него. Тука се наоѓа Кралската палата, Римскиот Атениум, Народниот музеј на уметности и црквата Кречулеску.
По кратко возење пристигнуваме кај една од најубавите и најстарите улици во Букурешт е Calea Vistorei или Авенија на победата. Изградена е уште во 1692 година, а денес е најмодерна и најексклузивна улица во градот.
Поаѓање кон хотел. Време за сместување, одмор и индивидуални активности.
Вечерта се придружуваме на атмосферата на еден од плоштадите во Букурешт да ја дочекаме Нова Година со огнено шоу. Враќање во хотел. Ноќевање.
3.Трет ден - Четврток (01.01.2026)
Појадок.Слободно време за одмор или индивидуална прошетка во текот на денот.
Во договорено време со водич посета на трговски центар “AFI Cotroceni” каде што има доста познати брендови за добар шопинг.
Вечерта организирана тура која за првпат македонска агенција ја организира Bucharest Ghosts Stories and Mythology & Ghost Hunting Tour in Bucharest- Гратис ноќна тура за патниците со енергија за ноќно истражување на градот.
Следна дестинација е, познат како Lipscani, стариот град кој плени со својот шарм. Во него ќе најдете безброј продавници за антиквитети и уметнички галерии. Тука се наоѓа старата палата на принцот изградена во 15 век од страна на Дракула кој во подрумите на палатата ги држел затворениците. Исто така токму во стариот град можете да ја видите и најстарата црква во Букурешт која датира од 1559 година.Остатокот од областа Липскани може да се дефинира како срцето на Букурешт. Од средниот век се до 19от век била најважната комерцијална област во целиот град и пошироко. Овде најавтентично се чувствува живописниот карактер на градот, контрастите на старо и ново, на исток и запад, транзициите низ кои минува како и неговиот потенцијал.
Поаѓање кон хотел. Ноќевање.
4.Четврт ден - Петок ( 02.01.2026)
Појадок. По појадокот се уплатуваме на факултативен излет на Трансливанија.Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов. Дворецот Пелеш кој е сместен близу гратчето Синаја во Романија, важи за еден од најубавите во Европа.Изграден во 19-ти век во нео-ренесансен стил, овој дворец служел како летна резиденција на романскиот крал Карол Први.Официјално отворен во 1883 година, тој се протега на површина од 3.200 метри квадратни. Внатрешноста е раскошно украсена со рачно насликани мурали, статуи, таписерии, мермер, порцелан и резби на дрво од орев.Денес дворецот е отворен музеј кој секој може да го посети и да се воодушевува на многуте колекции и прекрасни детали, освен во месецот ноември, наменет за одржување на замокот. БРАН “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Брашов Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Враќање во хотел во Букурешт во доцните часови. Ноќевање.
5.Петти ден - Сабота (03.01.2026)
Појадок. Одјавување од хотелот и поаѓање кон термалните бањи. .
Околу 10 часот факултативно заминување кон Термалните Бањи кој се наоѓаат во Северниот дел на Букурешт на само 30 км од ценарот на градот.
Располага со 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 лизгалици на вода.Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, многубројни орхидеи и многу други уникатни видови на растенија. Идеално место за релаксација и опуштање/
За патниците што нема да користат факултативен излет за Термалните бањи имаат слободно време во трговскиот центар.
Поаѓање за Македонија околу 15:00ч.
Цена:179eur
Во цената е вклучено:
Сместување во хотел 3* на база 3 ноќевања со појадок
Разглед на градот Букурешт со локален водич
Организација и реализација со туристички придружник на патувањето
Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45 евра превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа.)
Туристичка такса 7.5 евра по лице се плаќа во автобус
Трансфер по градови-Струмица,Штип,Велес,Неготино,Гевгелија,Прилеп,Битола-10 евра по лице во правец
Задолжителна уплата во канцеларија за депозит за факултативен излет Трансилванија во износ од 15е поради навремено пријавување на број на влезници.