БОЖИЌНИ ПАЗАРИ 2021
ЕП Ракомет 2022
Загреб

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО ЗАГРЕБ

(Пронајдете го детето во себе во магијата на SalajLand)

 (25.11.2021-28.11.2021)

 

Затворете ги очите... Почувствувајте го мирисот на медењаците и на топлото чоколадо... Слушнете ги сентименталните божиќни песни кои Ве враќаат во детството... И тоа е доволно да се препуштите на уживањето во Божиќниот пазар во Загреб кој во последните неколку години според on line анкетите е прогласен за најдобар Божиќен пазар во Европа. Ве водиме одблизу да го почувствувате лесното движење на самовилите и да бидете дел од магијата на имотот на семејството Salaj...

 

Прв ден: 25.11.2021 година (четврток)

Поаѓање на групата од  Кавадарци  во 21.30 часот и од Скопје  во 23.30 часот кон Хрватска со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 26.11.2021 година (петок)

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Организиран разглед со локален туристички водич: Стариот дел на градот  со средновековните квартали Каптол со катедралата и Градец со камената порта со чудотворната икона на Богородица и Христос, Црквата „Свети Марко“, кулата Лотршчак, Парламентот... Потоа  сместување на групата во хотел Central“ 3*** (http://www.hotel-central.hr/ ) кој се наоѓа во центарот на Загреб. Во вечерните часови препуштете се на уживањето во единствената празнична атмосфера на различни локации низ улиците во градот  каде има забава за секого - од божиќните штандови на кои ќе најдете уникатни сувенири и украси па се до вареното вино, печените костени и традиционалните помалку заборавени специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.  

Трети ден: 27.11.2021 година (сабота)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување на групата кон малото хрватско село Грабовица покрај Чазма, каде на падините на Мословачка Гора на имотот на семејството Salaj на површина од околу 60.000 метри квадратни се организира единствената светлечка манифестација во овој дел од Европа која секоја година ја посетуваат повеќе од 90.000 домашни и странски туристи. Единствено пандемијата успеа минатата година да ја прекине оваа традиција за годинава повторно да биде најавен нејзиниот рестарт. Се` започнало пред дваесетина години кога сопственикот Златко Салај, кој имал сиромашно детство посакал на своето семејство да му приреди вистинска Божиќна идилична атмосфера каква има само во филмовите китејќи го дворот со 7000 светликави ламбички. Освен семејството, од ефектот биле воодушевени и бројните минувачи, па така тој продолжил секоја година со уште поголем елан да го дополнува и разубавува целиот амбиент, за со текот на годините благодарение на големиот труд и ентузијазам неговиот сон за Божиќ од бајките да прерасне во најзначајната туристичка манифестација во континенталниот дел на Хрватска. Посетителите ги очекуваат пет милиони ламбички кои ќе бидат поставени низ целиот имот, како и 1500 божиќни топки на дрвјата низ целиот имот украсени на потполно нов начин со таканаречени светлосни ice light. Покрај повеќето атракции меѓу кои е Божиќното село под ѕвездено небо, големите санки наменети за фотографирање, осветлените патеки за шетање, ресторан каде можете да испиете топол чај или кафе, тука е и приказот на Исусовиот гроб. Откако во магијата на оваа бајка ќе успееме да го пронајдеме детето во себе, се враќаме во хотелот во Загреб. Ноќевање.  

Четврти ден: 28.11.2021 година (недела)

Појадок. Околу пладне одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........169 евра (10.480 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

Превоз со туристички автобус на наведената релација

Две  ноќевања со појадок во хотел „Central“ 3*** во Загреб

Излет до Грабовица со вклучена влезница во SalajLand  

Локален туристички водич  за разглед на Загреб  

Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

Доплата за еднокреветна соба - 30 евра (за двете вечери)

Туристичка такса во Загреб (се плаќа во агенцијата) – 200 денари за двете вечери

Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Последен рок за пријавување: 15. Ноември 2021