LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Kefalonia - Програма
Програма

ПОПУСТ ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА

- 20% ДО 15 -ти февруари !!!


Кефалонија е најголемиот Јонски остров, сместен јужно од Лефкада и Итака и северно од Закинтос. Кефалонија е грчки остров, кој ќе Ве маѓепса на прв поглед. Обалата му е преполна со заливи. Плажите претежно се каменести, но има и песочни плажи. Тоа што најмногу ќе ве воодушеви на овој остров е кристално чистото море! Кефалонија е остров со чудесни пејзажи, преубави плажи, симпатични места, љубезни домаќини, остров на мирот и спокојот, кое ќе ве натера повторно да го посетите..

Порос е едно од најубавите и најатрактивните места на Кефалонија. Сместно е во подножјето на планините Атрос и Пахни и окружено е со бујна вегетација. Не е класично туристичко летувалиште, повеќе е активно гратче и е пристаниште во кое доаѓаат туристи најмногу од Западна Европа. Од главниот град Аргостоли е одалечен 41км, а до пажата Скала 12 км. Порос ги има скоро сите содржини, од убави плажи, романтични шеталишта, до најубавите таверни и ресторани на Кефалонија, односно продавници, бутици и сувенирници. Порос е сместен во југоисточниот дел на островот Кефалинија, а тоа е трето пристаниште на островот од кое тргнуваат траектите за Пелопонез.

Национален танц на жителите на Кефалонија е познатиот “balos” – танц на орли, кој со слична кореографија може да се види кај жителите на Киргистан.

Кефалонија најчесто се поврзува со книгата и филмот “Мандолината на Капетанот Корели”. Филмот е снимен на островот во 2001 година, а главни актери биле Николас Кејџ и Пенелопе Круз.

Се зборува дека и Момо Капор има летувано на овој остров.

Едно од географските чуда на Кефалонија е езерото Мелисани, кое според легендите името го добило по нимфата Мелисани, која се удавила во истото поради невозвратената љубов од богот Пан.

Најубавот што може да го понуди Кефалонија, се секако нејзините плажи. На најубавите од сите ќе поминеме дури 4 дена. Ќе ги посетиме вистинските бисери на Кефалонија: Myrthos, Antisamos, Skala.

На плажите нема само да уживаме на песокот и да се бањаме во кристално чистото море, туку ќе учествуваме во разни спортски натпревари, спортови на вода и игри без граница. Понесете си пешкир и забавата може да почне.

Крстарење до Закинтос

Ова ќе биде незаборавна авантура, следува целодневно крстарење до Закинтос, со посета на Blue Caves, местото Агиос Николаос и прекрасната плажа Навагио.

 

Датум на поаѓање

Почеток на аранжманот

Крај на аранжманот

1/6

1/5

1/4

1/3

1/2

07.07.2019

08.07.2019

17.07.2019

/

/

/

279€

299€

16.07.2019

17.07.2019

26.07.2019

289€

289€

299€

309€

329€

25.07.2019

26.07.2019

04.08.2019

289€

289€

299€

309€

329€

03.08.2019

04.08.2019

13.08.2019

289€

289€

299€

309€

329€

12.08.2019

13.08.2019

22.08.2019

279€

279€

289€

299€

319€

21.08.2019

22.08.2019

31.08.2019

269€

269€

279€

289€

309€


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Сместување на база 9 ноќевање на Кефалонија/Порос
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
  • Превоз со брод на релација Килини – Порос – Килини
  • Организиран целодневен излет до плажата Скала
  • Организација на аранжманот и пратител на групатa

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Цената на аранжманот не вклучува:
  • Факултативни излети
  • Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба:приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко и здравствено осигурување

Напомена:

  • За патниците кои не користат превоз од агенцијата цената се намалува 30 евра.
  • Наведените цени од табелата се однесуваат за тргнување од Скопје.
  • Цените одбележани со * не подлежат на попуст за рана резервација.
  • Тргнувањето од Скопје – состанок на група во 17:30 часот, тргнување 18:00 часот.
  • Напуштање на собите е во 10:00 часот.
  • Тргнувањето од Кефалонија/Порос е предвидено во попладневните часови.

 


1 ден

Плажа Миртос

Најубава плажа на островот е познатата Myrthos Beach која се наоѓа на Северозападниот дел на Кефалонија, која е заштитен знак на островот. Плажата е 12 пати прогласувана за најубава плажа во Грција. Оваа плажа е со бели камчиња и токму заради тоа бојата на морето е сина како на сликовница, оваа плажа многу наликува на плажите на Лефкада. Овој ден продолжуваме и на плажа Макрос Гиалос, во beach bar Costa Costa, каде што ќе можете да уживате со музика, релаксација на плажа или водни спортови.

2 ден

Плажа Антисамос

Антисамос плажата е втората плажа по убавина после Миртос. На самата плажа е сместен манастирот Агрилион, од каде погледот остава без здив. Белиот песок и ситните бели камчиња ја прават волшебна.

3 ден

Плажа Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3км. Ова се само неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија. Ова е идеална плажа за вистински да се одморите со книга или пиво во рака

4 ден

Крстарење до Островот Закинтос

Да се посети уште еден остров за време на вашето патување, ова е прекрасна можност. Овој прекрасен ден ќе ја посетиме прекрасната плажа Навагио. А истовремено ќе ги видиме Сините пештери и местото Агиос Николаос, каде што ќе имаме слободно време за кафе или ручек. Овој остров ќе ве воодушеви со прекрасното тиркизно море.

5 ден

Главниот град на Кефалонија – Аргостоли

Аристоли е главниот град на Кефалонија и е сместен на едниот крај од заливот, а со другата страна на заливот е поврзан со преубавиот камен мост кој е заштитен знак на Островот. Овој мост е еднинствениот кој го преживеал земјотресот од 1953 година кога цел град бил срамнет со земја. Во овој град ќе можете да посетите некој од поголемиот број на кафичи, ресторани, таверни, сувенирници и да прошетате по преубаво уреденото шеталиште покрај самото море, кое е исто така заштитен знак на овој преубав град.

6 ден

Етно Тура

Овој ден го поминуваме во посета на културни дестинации на Кефалонија. На источниот брег на Кефалонија, во близина на градот се наоѓа и неверојатната пештера Мелисани и истоименото живописно подземно езеро. Ова место со право се смета за едно од најубавите природни знаменитости на Грција. Да ја посетите Кефалонија а да не го посетите ова чудо на природата е навистина жално. Од овде одиме да го посетиме манастирот свети Герасимос- чудотворецот и заштитникот на овој остров. Потоа винаријата Робола, каде што ќе може да дегустирате од ова прекрасно вино. И од овде го завршуваме денот повторно на плажа Макрос Гиалос.

7 ден

Вечерен излет во Скала

Скала е место што веќе преку ден ќе го посетиме, но истото сосем различно изгледа навечер. Ова е најгостопримливото место во близина на Порос кое е гнездо на најромантични ресторани со најголем избор на грчка традиционална кујна и медитерански специјалитети. Идеален излет за сите гурмани и романтичари

 

ВИЛА КИКИ

Вила Кики располага со двокреветни студиа и четирикреветни апартмани. Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса. Вилата се наоѓа на 200 метри од центарот на градот, 20 метри од морето и 250 метри од градската плажа.

ВИЛА АЛЕКОС

Вила Алекос располага со двокреветни и трокреветни студија и еден петокреветен апартман.
Сите соби имаат клима ( доплата на лице место), кујна и тераса.Вилата се наоѓа на 50 метри од центарот на градот и 150 метри од градската плажа.

ВИЛА АСТИР

Вила Астир располага со двокреветни студија. Сите соби имаат  клима (доплата на лице место), кујна и тераса.

Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.