Автобуски патувања - Будимпешта
Будимпешта

1ден 06.12.2024 (петок) Штип / Скопје – Будимпешта
Поаѓање од Штип во 16:30 часот, паркингот кај Новата Пошта, во 18.00 часот од Скопје,
паркингот кај хотел Вип. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни паузи
за одмор и царински формалности.
2ден 07.12.2024 (сабота) Будимпешта
Пристигнување во Будимпешта во предпладневните часови. Разглед на Будимпешта со
локален туристички водич: Пешта - споменикот на Милениумот односно плоштадот на
хероите, Градскиот парк, Операта, улицата Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата
Св.Стефан, Будим - мостовите на Дунав, Цитаделата - Тврдината со кралските палати,
Црквата на кралот Матејас, Рибарската тврдина. Сместување во хотел. Слобдоно време за
индивидуални активности .Посета на Божиќниот маркет во Будимпеша. Ноќевање.
3 ден 08.12.2024 (недела) Будимпешта - Виена – Будимпешта
Појадок. По појадокот факулатативна посета на Виена. Заеднички да откриеме зошто
божиќниот маркет во Виена е толку магичен. Од средината на Ноември па се до Божиќ,
најубавите плоштади во Виена се трансформираат во магични божиќни пазари. Низ
воздухот се шири мирисот на божиќното печење, врелиот пунч и препечените бадеми,
стариот град и трговските улици се украсени со празнични светилки кои ја шират божиќната
магија во Виена. Разглед на градот со локален водич кој најдобро ке ни ја долови и
историјата убавината на овој град: Плоштадот Рингштрасе, Палатата хофбурн, Парламентот
Дворецот Белведере, Катедралата Св. Стефан. Слободно време низ центарот на Виена и
Божикниот маркет на Ратхаусплац.Поаѓање за Будмипшта околу 19 часот. Ноќевање.
4 ден 09.12.2024 (понеделник) Будимпешта
Појадок. Напуштање на хотелот и посета на шопинг центар Арена. По посетата слободно
време за прошетка низ најпознатата улица во Будимпешта – Ваци, и Божиќниот маркет кој
беше прогласен за најубав во 2020-та година. Божиќни подароци, украси од дрво, слатки,
топли пијалоци, забава, работилници за деца и уште многу други работи може да ги видиме
кога ќе го посетиме Божиќниот маркет во Будимпешта. Можност за факултативно крстарење
со брод по Дунав. Во вечерните часови поаѓање за Македонија.
5 ден 10.12.2024 (вторник) Скопје / Штип
Пристигнување во Македонија во утринските часови.
ЦЕНА: 149€ / 9.240,00 денари
Во цената на аранжманот е вклучено :
• превоз со туристички автобус
• 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Будимпешта
• Организација и реализација на програмата со лиценциран туристички придружнк
Во цената на аранжманот не е вклучено
• Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 евра ( задолжителна - уплата во агенција)
• факултативно крстарење со брод по Дунав – 20 евра ( мин. 25 лица за реализација, пријавување и уплата во
агенција)
• факулативна посета на Виена(Превоз +локален водич )– 45 евра ( мин. 35 лица за реализација, пријавување и уплата
во агенција)
• патничко осигурување-200 денари (задолжително)
• влезници за културно-историски споменици
Општи напомени :
- ТА Феријал Кашиков го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени
патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
- Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата
- За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради,
институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
- Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на
границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати
задоцнувања.
- Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.
Рок на пријавување до 20.11.2024
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници!