SKI OPENING КОПАОНИК
ЛЕТО 2023 - ГРЦИЈА
Автобуски програми - Будимпешта
Будимпешта

 

30.12.2022 - 02.01.2023 (5 дена /2 ноќевања)

1 ден (30.12.2022 - петок) СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА             

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден (31.12.2022 - сабота)  БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот (факултативно) со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта Дочек на Новата 2022 Година на некој од плоштадите во Будимпешта.Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден (01.01.2023 – недела ) БУДИМПЕШТА СЕНТ АНДРЕА

Појадокот. Факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Попатна посета на базиликата Естергом посветена на Пресвета Богородица и на Светиот Адалберт. Враќање во Будимпешта. Вечерта факултативно крстарење и  вечера во национален ресторан Чарда. Ноќевање.  

 

4 ден ( 02.01.2023 – понеделник) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на шопинг центар Арена. Слободно време за индивидуални активности.  По договор со преставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

5 ден (03.01.2023  вторник)  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 30.10.2022 – 169 € (10.478 ден.)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 199 € (12.338 ден.)

 

Во цената на аранжманот e вклучено :

- Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

- Сместување во хотел 3* во Будимпешта (околина) на база 2 ноќевања со појадок,

- Посета на шопинг центар Арена

- Туристички придружник од агенцијата,

- Организација и реализација на аранжманот

 

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено :

  • Разглед на Будимпешта со локален водич  (10€)
  • Крстарење по Дунав со чаша шампањ ( 20 еур)
  • Посета на Сент Андреа и Естергон (25 еур)
  • Вечера во национален ресторан  (30€)
  • Задолжително патничко осигурување 
  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости

  

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ