ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски Програми - Неапол - 08.05. - 11.05.2026
Неапол - 08.05. - 11.05.2026
Celebrate Easter in Naples | Best Things to Do & See
1 ден - Скопје - Неапол
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:30 часот. Полетување кон Неапол во 16:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 18:10 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во вечерните часови првиот разглед на Париз со придружникот од агенцијата. Ноќевање.
 
2 ден - Неапол – Соренто - Помпеја
Појадокот. По појадокот можност за посета на Соренто и Помпеја. Хајприн се упатуваме кон античката Помпеја кој поради ерупција на Везув и затрупување со лава е сочуван до ден денес. Овде како времето да застанало во тој кобен момент. По обиколката на Помпеја се упатуваме кон Соренто – бисер на Неаполскиот залив.Сместен на висока карпа со поглед на морето, во центарот на својот полуостров, Соренто го прегрнува Неаполскиот Залив и Везув.Наоколу, зелените градини на вилите и цитрусните насади; во центарот улички и плоштади полни со историски згради. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
 
3 ден - Неапол – Позитано - Амалфи
Појадок во хотел. По појадокот можност за посета на брегот Амалфи - вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО како совршен пример за медитерански пејзаж со пејзаж од голема културна и природна вредност, составена не само од меѓународно познати локации како што се Амалфи и Позитано, туку и од мали села со античка атмосфера.Ќе уживаме во прекрасните пејзажи, високи карпи, волшебните заливи, терасите испреплетени со цитрусни овошја, лози и маслинови дрвја,продавници за висока мода и занаетчиски работилници ... Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
 
4 ден - Неапол - Скопје
Појадок во хотел и одјавување.Последниот ден е наменет за Неапол.Да го разгледаме стариот дел, историските знаменитости, да јадеме од познатата неаполска пица , да се напиеме кафе а за десерт џелато.Во договорено време организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 18:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 20:15 часот.
 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  409 €

за првите 6 места !

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  459 €

 
Во цената е вклучено:
  • Директен лет на релација Скопје - Неапол - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во хотел;
  • Доплата за еднокреветна соба 150 Еур.
  • Патничко осигурување;

 

Факултативи:

  • Екскурзија до Помпеја и Соренто (трансфер + претставник од агенција) - 75 €;
    (влезница за Помпеја на лице место )
  • Екскурзија до Позитано и Амалфи(трансфер + претставник од агенција) - 85 €;

 

ЗАБЕЛЕШКА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

Факултативните екскурзии не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената главно се состои од трошоците за резервација, превоз, водичи, билети, организација... Датумите на факултативните екскурзии се променливи и зависат од достапноста на датумите на локациите, бројот на пријавени патници и објективните околности.
За реализација на екскурзиите потребно е минимум од 14 пријавени!

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.