
1 ден 10.10.2026 ( Сабота) Скопје/Куманово/ Штип/ Струмица – Кавала
Поаѓање за Кавала во 02.00 часот од Скопје, пред хотел Континентал, во 02.30 часот од Куманово, пред бензинска пумпа Макпетрол, во 03.30 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 04.15 часот од Струмица, бензинската Макпетрол кај кружен тек. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Кавала. Разглед на градот со туристички придружник. Посета на црквата Св.Никола каде се наоѓаат трите камења, местото каде што се смета дека Апостол Павле за прв пат стапнал во Европа. Потоа продолжуваме кон тврдината, Имаретот изграден во 1917 година – врвот на муслиманската архитектура, споменикот и куќата каде бил роден во 1769 Мехмед Али- основачот на Египетската династија, како и симболот на Кавала – Аквадуктот изграден од Сулејман Величенствениот. Тоа е оној традиционален симбол кој овозможува магичен поглед како град распослан по морето кој го симболизира духот на поморскиот идентитет и долгото очекување на морнарите да се вратат покрај своите семејства и да си посакаат топло добредојде. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
2 ден 11.10.2026( Недела ) Кавала- Тасос- Кавала
Појадок. Ден за одмор или можност за целодневна факултативна посета островот Тасос. Поаѓање во утринските часови кон Керамоти- Трансфер со траект до Тасос. Пристигнување во Тасос, на пристаништето во главниот град на островот- Лименас. Посета на живописното планинско село Панагија, едно од најавтентичните места на Тасос, познато по традиционалните камени куќи со карактеристични кровови покриени со камени плочи (шкрилци). Прошетка до црквата „Успение на Пресвета Богородица“, значаен духовен и историски симбол на селото каде се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица. Продолжуваме кон живописниот дел на селото каде се наоѓаат „Трите извори“ со кристално чиста планинска вода и познатиот „Мост на љубовта“, опкружен со вековни дрвја во чии стебла природно се формирале отвори во облик на срце, што го прави ова место едно од најромантичните и најфотографираните места на Панагија. Потоа продолжуваме кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“, едно од најпознатите чудотворните места на светот. Токму овде се чува најсветата реликвија- клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледот, слободно време за индивидуални активности на една од најпознатите плажи плажа во Тасос – Golden Beach. (Ситниот бел песок, тиркизното и кристално чисто море се оние адути кои ја прават една од најубавите плажи во Европа). Пред заминувањето за Кавала, можност за прошетка и ручек во Лименас. Во вечерните часови враќање во Кавала. Ноќевање.
3 ден 12.10.2026( Понеделник ) Кавала – Струмица/ Штип/ Куманово/ Скопје
Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Поаѓање за Македонија. Попатна посета на црквата св. Лидија во истоименото село. Лидија била првата жена која била крстена од Апостол Павле и која го прифаќа христијанството. Од овде, започнува ширењето на христијанството низ Европа. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Цена: 129€/8.000,00 денари
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Општи напомени:
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци пред истек на неговата валидност од планираниот датум на враќање.