АПРИЛСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Athos - Vila Lena - Nea Roda
Vila Lena - Nea Roda

Најголем попуст за предвремена резервација и целосна уплата заклучно со  19. Декември 2025:

-25 % попуст за првата и последната смена во сите вили

-20 % попуст за втората смена во сите вили

-15 % попуст за третата смена во сите вили

-За сите останати смени попустот е 10 %

 

На околу 100 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос, веднаш пред апартхотелот „Lazaridis“ се наоѓа вилата „Lena. Во вилата располагаме со двокреветни, четирикреветни и петкреветни студија и апартмани на приземје и на прв спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, мини кујна, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Сите сместувачки капацитети имаат сопствени купатила и пространи тераси. Опремени се со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Веднаш пред вилата има простор за паркирање на возила.Живописното приморско место Неа Рода  е вистинскиот избор за сите кои се уморни од гужвата на плажите и сакаат да откријат нешто ново, а во истовреме да уживаат во природните убавини. Местото има исклучително чисто море и долга песочна плажа закитена со Плаво знаме за чистота, поплочени тесни улички со традиционални камени куќи со дворови полни со цвеќе, неколку барови покрај плажата, таверни, маркети, амбуланта, аптека...

 

Термин: Ноќи: 1/3 студио бр.2 1/4апартман бр.1 1/5 апартман бр. 3
26.05-05.06.2026 10 300€ (18.600) 400€ (24.800) 450€ (27.900)
05.06-15.06.2026 10 400€ (24.800) 500€ (31.000) 550€ (34.100)
15.06-25.06.2026 10 500€ (31.000) 600€ (37.200) 650€ (40.300)
25.06-05.07.2026 10 600€ (37.200) 700€ (43.400) 750€ (46.500)
05.07-15.07.2026 10 700€ (43.400) 800€ (49.600) 850€ (52.700)
15.07-25.07.2026 10 730€ (45.260) 830€ (51.460) 880€ (54.560)
25.07-04.08.2026 10 730€ (45.260) 830€ (51.460) 880€ (54.560)
04.08-14.08.2026 10 730€ (45.260) 830€ (51.460) 880€ (54.560)
14.08-24.08.2026 10 730€ (45.260) 830€ (51.460) 880€ (54.560)
24.08-03.09.2026 10 650€ (40.300) 750€ (46.500) 850€ (52.700)
03.09-10.09.2026 7 450€ (27.900) 550€ (34.100) 600€ (37.200)
10.09-17.09.2026 7 350€ (21.700) 450€ (27.900) 500€ (31.000)
17.09-24.09.2026 7 250€ (15.500) 350€ (21.700) 400€ (24.800)

 

Напомена

Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио (апартман) без вклучен превоз
- Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по LAST MINUTE понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
- Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по EARLY BOOKING цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари