ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Nea Potidea - Vila ISI Lux
Vila ISI Lux

Вила “ISI Lux” се наоѓа нa 20m oд плажа во централниот дел на Потидеа каде што е најширока плажата, веднаш пред хотел "Potidea Golden Beach". Вилата е изградена во 2017 год и е на два спрата (високо приземје и први кат). Има прекрасно уреден двор со парк и масички со столчиња / кујна и скара кои се на располагање на гостите. Во близина на вилата на околу 50м има супермаркет.
Структура и распоред на студија и апартмани: 1/3 студија и /2+1/ апартман со една спална за 3 лица (брачен кревет+едно легло во кујната), дуплекс апартман со две одделни спални соби 2+2 за 4 лица (брачен во двете спални) на I-ви кат. Студијата се на високо приземје и I-ви кат /апартманите со една и две спални соби се на I кат. Сите се опремени со комплетно нов мебел, кујна (со прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер...), тоалет, крпи за лице и тело, клима (вклучена во цената), ТВ, бесплатен Wi-Fi интернет, гардеробер, балкон со масичка и столчиња. Ви посакуваме пријатен престој.

GPS Coordinates:   40.191784, 23.334865

EARLY BOOKING - Лето 2023
10% попуст за целосна уплата до 01.03.23 | 5% попуст за целосна уплата до 01.04.23

"ISI Lux"
Неа Потидеа
термин
МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
20 27 3 10 17 24 1 8 15 22 29 5 12 19 26 2 9 16
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7 7 7
1/3 студио 85 115 145 175 205 235 405 435 475 475 475 475 475 245 225 185 145 95
АПТ /2+1/ (со 1 спална) 90 125 155 185 215 245 425 455 495 495 495 495 495 255 235 195 155 100
Дуплекс АПТ /2+2/ 75 95 115 135 155 175 525 565 615 615 615 615 615 185 155 125 105 85
опис на ценовникот цени по лице со превоз цени за наем на цело студио/апартман цени по лице со превоз

НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то лице во студио или апартман со една спална - БЕСПЛАТНО сместување;
- Цените за 7ноќи/8дена (со *), се дадени за наем на цело студио/апартман без вклучен превоз;
- Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- Во студио или апартман со една спална плаќаат минимум 2 лица | 3-то лице се сместува БЕСПЛАТНО, плаќа само превоз доколку користи;
- Во дуплекс апартман со две одделни спални соби плаќаат минимум 4 лица во термините по лице со превоз;
- Во студио/апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;
- Поради генерално чистење на студијата/апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- Превозот ги остава патниците пред вилата доколку е можно да влезе минибус, доколку се патува со автобус НЕ е можно и ги остава/зема кај стадионот. Околу 400м од вилата;
- Wi-Fi интернет и КЛИМА - БЕСПЛАТНИ!!
- Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- За аранжманите за 7 ноќи/8 дена (без *), при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- Доплата за туристичка такса - 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);
- Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);
- Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).

Автобуски превоз НЕА ПОТИДЕА, според термини од табелата Патни информации
Град на поаѓање Mесто на поаѓање Време на поаѓање Скопје - Неа Потидеа (310km)
Куманово: (бензинска Макпетрол - автопат) 04:15h
Скопје - Солун - Неа Модања - Неа Потидеа
Автопат (Е75)
Трошоци во еден правец:
Патерини во Македонија (430ден)
Патарини во Грција (2.30€)
Скопје: (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) 05:00h
Штип: (паркинг пред нова пошта) 05:00h
Велес: (бензинска Макоил, мотел Македонија) 05:45h
Неготино: (бензинска, Макпетрол) 06:15h
Г.П. Богородица: (бензинска, Oкта / Богородица) 07:00h
Поаѓање од Неа Потидеа: 15:00 по МК време / 16:00 по ГР време (пред вилата или стадионот)