ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ЕДНОДНЕВНИ И ВИКЕНД ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
ЈУНСКИ ПАТУВАЊА - Стокхолм - 05.06. - 08.06.2026
Стокхолм - 05.06. - 08.06.2026
Travel to Stockholm | Stena Line
05.06.- петок/ Скопје - Стокхолм
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 03:45 часот. Полетување кон Париз во 05:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Арланда, Стокхолм, во 09:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел за да се остави багаж па продолжуваме на пешачки разглед. Стариот град на Стокхолм, Гамла Стан, се наоѓа на остров поврзан со остатокот од градот со мостови. Овој средновековен кварт се одликува со тесни калдрмисани улички наредени со згради од 17-ти и 18-ти век обоени во карактеристични жолти, портокалови и црвени бои. Кралската палата е сидро на едниот крај, додека Сторторгет, главниот плоштад, со кафулиња и продавници во историски трговски згради, скриените дворови и малите музеи како Музејот на Нобеловата награда, урамнотежуваат од другат страна. Пред да се упатиме назад кон хотелот ќе имаме можност за посета на Östermalms Food Hall - прогласен за 7-ми најдобар пазар во светот. Веќе 137 години, ова е оаза за гастрономи, познавачи и сите што ја сакаат добрата храна. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
 
06.06. - сабота/Островот Џургарден
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за посета на најпопуларниот остров со музеи Џургарден. Никаде во Стокхолм нема да најдете поголема концентрација на популарни атракции и музеи. Во текот на 16 век, Џургарден бил приватно викенд-скривалиште на кралот Ерик XIV за рекреација и лов. Сепак, со текот на историјата, островот постепено се отворил за јавноста. Денес е популарна семејна дестинација со неколку атракции, како што се Скансен – првиот музеј на отворено во светот, го прикажува шведскиот живот од 16 век до модерно време, во мали изградени историски куќички, преку демонстрација на традиционални занаети. Музејот на најпопуларната музичка група АББА. Васа музеј - 333-годишен воен брод кој потонал во градското пристаниште на своето прво патување. Местото изобилува со забавни содржини, избор на храна и пијалоци, убаво уредени места за одмор.Слободно време.Враќање во хотел. Ноќевање.
 
07.06. - недела/Содермалм
Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за островот познат локално како „Седер“ - боемски остров јужно од центарот на градот кој привлекува креативци и млади професионалци. Стрмните ридови на населбата кријат продавници за старини, книжарници и урбана уметност, како и традиционални шведски барови и ресторани во близина на главната шопинг улица Götgatan.Овде е најубавиот панорамски поглед, особено околу Monteliusvagen.Во попладневните часови предлагаме крстарење околу островот Џургарден - популарна тура со брод околу 1 час. Прекрасен поглед на Стокхолм од сосема друга перспектива, вклучувајќи историски градби и бујна природа. Враќање во хотел. Ноќевање.
 
08.06. - понеделник / Стокхолм - Скопје
Појадок во хотел и одјавување. Организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 09:35 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 12:45 часот.
 
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :  539 € / 33,418 мкд
за првите 8 места !
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ :
  589 € / 36,518 мкд
 
Во цената е вклучено:
  • Директен лет на релација Скопје - Стокхолм - Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром - хотел - аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
  • Пешачки разглед со локален водич
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

 

Во цената не е вклучено:

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ - се плаќа во хотел;
  • Доплата за чекиран багаж
  • Влезници за локалитети
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

 

Факултативни излети:

  • Посета на остров со музеи Џургарден со влезница за музејот на АББА и Васа - 60 €;
  • Крстарење околу островот Џургарден - 30 €;

Задолжително пријавување на факултативи во агенција !

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.