
06.03.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – КУМАНОВО – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата во 07.00ч на паркингот кај Хотел Русија. Поаѓање за Србија во 07.30ч. од Скопје и 08:00ч од Куманово. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања и сместување во Хотел Пегаз 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот, или за идивидуални прошетки низ познатата Променада – срцето на бањата. Исполнета со уредени алеи, фонтани, минерални извори, Јапански парк, парк Језеро, парк Шеталиште, Мост на љубовта, културни споменици, најпознатитот симбол врабецот Гочко, плоштадот на Култура како и многубројни кафулиња, ресторани, сувенирници со локални производи. Во едно кажано спој на прошетка, уживање и атмосфера што одговара на сите вкусови. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
07.03.2026 (САБОТА) ВРЊАЧКА БАЊА – AKOV ДЕСТИЛЕРИЈА – КРАЉЕВО – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот, прошетки во Врњачка Бања или факултативна посета на дестилеријата Akov во Краљево каде што ќе имате можност да ги видите сите процеси за правење ракија со можност за дегустација, како и слободно време за прошетка и шопинг во Краљево – идеално место за релаксација, културни откритија и современ туристички доживувања. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
08.03.2026 (НЕДЕЛА) ВРЊАЧКА БАЊА – КУМАНОВО – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, уживајте во слободно време на кратки прошетки низ Врњачка Бања. Предлагаме да започнете од Мостот на љубовта – препознатливиот симбол на бањата, каде посетителите оставаат катанци како знак на вечна љубов и создаваат незаборавни спомени. Потоа, откријте ја Јапонската градина, мирна и естетски уредена оаза инспирирана од традиционалната јапонска култура и филозофија. За љубителите на природата, кратка прошетка до минералните извори нуди уникатна можност да се запознаете со лековитите води на бањата и нивните благотворни ефекти за здравјето. Во договорено време враќање во хотелот. Организиран свечен ручек во ресторанот на хотелот со музички програм по повод меѓународниот ден на жената. По свечениот ручек одјава од собите. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
|
06.03.2026 – 08.03.2026 |
|
|
2 ноќевања на база појадок и вечера (шведска маса) и организиран свечен ручек на 08.03. со вклучен автобуски превоз |
|
|
Цена по лице |
199 € |
|
Трето возрасно лице |
189 € |
|
Доплата за дете 2–6,99 години (со седиште во бус) |
95 € |
|
Доплата за дете 7–11,99 години (со седиште во бус) |
135 € |
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT
Во цената e вклучено:
Во цената не е вклучено:
Услови за сопствен превоз:
НАПОМЕНИ: