МАРТОВСКИ ПАТУВАЊА
СЕПТЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ЛЕТО 2026 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2026 - КИПАР
ЛЕТО 2026 - МАЛТА
ДАЛЕЧНИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Авионски програми - Париз - 12.03. - 15.03.2026
Париз - 12.03. - 15.03.2026

1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.00 ч. Полетување за Париз во 06.00 ч .слетување во 09.05 ч. Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на градот: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Champs-Élysées – познатата авенија, Place de la Concorde – историски плоштад, и Tour Eiffel – Ајфелова кула, со можност за искачување (факултативно) или слободно време за фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.


2 ден
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Посета на: Hôtel des Invalides – домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, Place Vendôme – престижен плоштад со историско значење, Opéra Garnier – позната оперска куќа, Musée du Parfum Fragonard – музеј на парфеми, Galeries Lafayette – познато шопинг место, и Musée du Louvre – светски познат музеј со можност за влез (факултативно) или слободно време за прошетка околу палатата и Jardin des Tuileries - историска француска градина со фонтани, статуи и шеталишта. Прошетка со брод по реката Сена (Факултативно). Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.


3 ден
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.


4 ден
Појадок. Трансфер од хотел до аеродром.
Полетување во 09:55ч од Париз, слетување во Скопје во 12:40 ч.

 

Цена на аранжманот: 1,098eur

 

Во цената е вклучeно:

  • Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски разглед на градот со автобус
  • Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
  • Туристичка такса

 

Во цената не е вклучено:

  • Влезница за Лувр 38 € само влезница (за деца до 10 години е 18 €)
  • Влезница за брод по Сена 18€ (за деца до 10 години е 10 €)

 

Напомена

Напомена: Има можност за трокреветни соби!

Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.