
05.03.2026 – четврток
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред лет. Полетување во 09:50 часот, слетување во Истанбул во 13:15 часот (локално време). Организиран трансфер и панорамски разглед на градот со локален водич на англиски јазик (попатно до хотел). Попатно ќе се направи кратко запирање кај Моминската кула (Kız Kulesi) – еден од најпознатите симболи на Истанбул, сместен на мал остров во Мраморното Море, спроти Ускудар. Кратка пауза за прошетка и фотографирање со прекрасен поглед кон кулата и градот. Сместување во хотел Бристол 3+* во Бејоглу.
Вечерта, гратис пешачка тура до Галата кула и Каракој.
Галата кула е некогашен затвор во модерната област Бејоглу, кој денес е еден од најпопуларните туристички атракции.
Околината на Галата Кула е како мал свет за себе – тесни калдрмисани улички што се издигнуваат нагоре, мали дуќанчиња со занаетчии, продавници со накит, книги и мирис на свежо турско кафе што те следи на секој чекор. Тука секој агол има своја приказна, стари фасади со шарени врати, уметнички графити и топол пулс на локалните жители. По прошетката, нема подобар начин да се заокружи денот со едно парче San Sebastian чизкејк, десерт кој ја освои Турција и светот со својот мек, кремаст вкус.
Каракој е едно од оние места во Истанбул каде што минатото и модерниот дух се спојуваат совршено. Некогаш старо пристаниште, а денес – вистински рај за љубителите на кафе, улична уметност и вкусна храна. Улиците се полни со шармантни кафулиња, мали пекари, уметнички галерии и скриени дворови кои раскажуваат приказни.
Ако сакаш да го почувствуваш вистинскиот пулс на Истанбул, тогаш Каракој е местото каде што треба да седнеш, да земеш едно турско кафе и да го гледаш животот како тече пред тебе. Ноќевање.
06.03.2026 – петок
Појадок во хотел. Факултативна посета на Долмабахче Палата, Ортакој, Таксим и улицата Истиклал.
Ќе започнеме со разглед на величествената Долмабахче палата – последната резиденција на османлиските султани и симбол на богатството и префинетоста на османлиската епоха. Палатата со своите раскошни салони, кристални лустери, мермерни скали и уредени градини нуди поглед кон животот на султаните и историјата на една од најмоќните империи на светот. Потоа продолжуваме кон живописниот кварт Ортакој, сместен на самиот брег на Босфор. Овој дел од Истанбул е познат по шармантните кафулиња, уметничките продавници и прекрасниот поглед кон мостот Босфор. Тука ќе имате време за кратка прошетка, за фотографирање со неверојатната панорама на Босфор, и, секако, за дегустација на познатиот компир (kumpir – печен компир со додатоци).
Турата продолжува кон плоштадот Таксим, срцето на современиот Истанбул. Плоштадот е место каде што се преплетуваат минатото и сегашноста, а неговата динамична атмосфера и важноста во историјата на градот го прават задолжителна дестинација за секој посетител. Од Таксим, продолжуваме со пешачка тура низ прочуената улица Истиклал, една од најпознатите и најоживени улици во Истанбул. Истиклал е полна со продавници, кафулиња, галерии, книжарници и уметнички студија, а нејзината колоритна атмосфера, музика и постојан живот ја прават вистински магично место за прошетка и уживање. Оваа тура е совршена комбинација на историја, култура, гастрономија и урбан живот, нудејќи ви искуство кое ќе го паметите долго време. Враќање во хотел. Факултативно – можност за крстарење по Босфор. Ноќевање.
07.03.2026 – сабота
Појадок во хотел. Факултативна посета Базилика цистерна, Аја Софија, Султанахмет, Топкапи и Капали Чаршија.
Ќе ја започнеме турата со посета на мистичната Базилика цистерна, едно од најинтересните подземни византиски пронајдоци во Истанбул. Оваа огромна цистерна со високи столбови, пригушена светлина и мистична атмосфера ја задржува магијата на минатото и ќе ве потопи во временскиот слој на византиската империја.
Потоа ќе се упатиме кон величествената Аја Софија, некогаш христијанска црква, потоа џамија, а денес музеј и симбол на синтеза на култури и религии. Ќе се восхитувате на грандиозниот ентериер со импресивни мозаици, куполи и историски детали кои го прават ова место едно од најзначајните архитектонски чуда на светот.
Следната станица е Сината џамија (Султанахмет), еден од најубавите примери на османлиската архитектура. Нејзините импресивни минариња, небесносината внатрешност и софистицираниот дизајн на плочки создаваат чувство на мир и величественост.
Продолжуваме кон Топкапи палатата, поранешната резиденција на султаните и срцето на османлиската империја. Ќе ги откриете раскошните сали, богатите збирки на накит и реликвии, како и прекрасните градини со поглед кон Босфор.
Турата ќе ја завршиме со автентично искуство во легендарната Капали Чаршија, најголемиот покриен базар во светот. Слободно време за да се прошетате помеѓу шарените дуќани, мирисот на зачини, вкусот на локалните деликатеси и рачно изработени сувенири. Враќање во хотел.
Во вечерните часови гратис пешачка тура – Галата порт. Ноќевање.
08.03.2026 – недела
После појадок во хотелот, одјавување и слободно време за прошетка и шопинг на прочуената улица Истиклал.
Трансфер до аеродром во 12:15 часот. Полетување за Скопје во 16:15 часот, слетување во Скопје во 15:45 часот локално време.
ПРОМО ЦЕНА:
ЗА РЕЗЕРВАЦИИ СЕ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА МЕСТАТА
399 ЕВРА (24,740 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
419 ЕВРА (25,980 мкд)
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ ПРЕКУ IUTE CREDIT
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА: