06.12.2025 (САБОТА) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Состанок на групата во 05.30ч на паркингот кај Хотел Вип. Поаѓање за Србија во 06.00ч. Се патува преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и на царински формалности. Пристигнување во Куршумлијска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксирање во СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
07.12.2025 (НЕДЕЛА) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
08.12.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) КУРШУМЛИЈСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во 12.30часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 € / 12.960 денари
Во цената е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација
– Сместување во Хотел Планинка 4* во стандардни соби на база 2 ноќевања со појадок и вечера (шведска маса)
– Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Секојдневно користење на содржините од Велнес центарот: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
– Организиран превоз Кочани, Штип, Велес и Куманово
Во цената не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и доплати:
– Дете до 6.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет- бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170мкд
– Дете 7-11.99 год. во придружба на 2 возрасни на дополнително легло-50% попуст
– Доплата за сместување во Апартман -20еур/ 1.240ден по лице за две ноќевања (на барање)
– Доплата за еднокреветна соба 20€/1.240ден за две ноќевања (на барање)
– Намалување за сопствен превоз -10€/620ден од патник
**Во двокреветна соба 2+1, може да се смести макс. 2 возрасни +1 дете до 11.99г. или 2 возрасни+1 дете до 11.99 +1дете до 2.99г.)
Напомени:
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и целосна доплата 7 дена пред поаѓање
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
– За Србија може да се патува со лична карта или со пасошот (важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањето)
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.