LAST MINUTE ЛЕТО 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
ЛЕТО 2019 - БАЛИ
ЛЕТО 2019 - АЛБАНИЈА
СИЦИЛИЈА 2019
Авионски Програми - Барселона
Барселона

24 МАЈ

Авионска програма

БАРСЕЛОНА

4 дена /3 ноќи 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ  – 359 евра (22.260 ден)
 

 

Посетете ја каталонската кралица на Медитеранот,величенствениот град со прекрасна убавина кој живее 24 часа дневно,софистицираната,елегантна и романтична стара дама – неповторливата Барселона. Град кој ќе ве освои на прв поглед,град кој го воодушеви Пикасо,градот на Гауди,Колумбо....Уживајте во импресивните и необични градби на Антони Гауди кои го чинат овој град единствен.

 24.05.2019 (петок) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 16:00 часот. Полетување за Барселона во 18:15 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Трансфер и сместување во хотелот. Ноќевање.

25.05.2019 (сабота) БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИСКИ КОМПЛЕКС – МОН ЖУИК - ШПАНСКО СЕЛО
Појадок.Панорамски разглед на Барселона:булеварот Диагонал (главната авенија која Барселона ја дели на два блока-источен и западен). Почнуваат разгледите на магичните градби од Антонио Гауди (архитект,уметник,научник,визионер)..  Следува посета на готската катедрала Саграда Фамилија –ремек дело на Антонио Гауди, посета на Каса Батло (куќата од коски) и Каса Мила (Ла Педрера – куќата без рабови која дава впечаток дека гледате во смрзнати бранови) срцето на градот-Плоштадот Каталонија и Шпанскиот плоштад. Овде е и Олимпискиот комплекс со кула која го носи името на прочуенуиот архитект Калтрава, продолжуваме кон еден од најраскошните делови на Барселона брдото Мон Жуик (брдото на Евреите од каде ќе имате фасцинантен поглед како од бајките),Шпанско село (дел од светската изложба од 1927 година) каде може да го искусите вистинскиот дух на стара Шпанија.Доаѓаат на ред Магичните  фонтани каде што водоскоците менуваат бои и танцуваат во ритамот на музиката, монументалниот споменик на Колумбо. Факултативна посета на Аквариумот еден од најголемите и најубави во Европа.Враќање во хотел. Ноќевање.

26.05.2019 (недела) БАРСЕЛОНА – ПАРК ГУЕЛ-ТИБИДАБО – НОУ КАМП
Појадок.Можност за факултативна посета низ парковите на Барселона.Најпрвин планирана е посета на паркот Гуел на брдото Ел Кармел (кое претставува едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди).Паркот е огромен и таму можете да доживеете некое необјасниво смирување и спокојство,иако е секогаш голема гужва и многубројни туристи од разни континенти буквално го преплавуваат целиот парк.Овде се наоѓа куќата на Гауди.Восхитувањето станува уште поголемо кога ќе го здогледате гуштерот облепен со скршени керамички плочки, изработка по гаудиевата техника “тренкадис”. Посетата продолжува кон Тибидабо (највисоката точка во Барселона – 512 метри надморска висина,а овде се наоѓа и познатата црква од неоготски стил “Саграт кор”).Оттука се пружа совршениот и најубав поглед на цела Барселона и на морето,каде можете да искулирате,да се напиете кафе,сок,каде во меѓувреме музицира локален бенд,расположен за добра свирка и забава. Можност за факултативна посета на на еден од најпознатите стадиони во светот – Ноу Камп каде игра фудбалскиот клуб Барселона. После посетата упатување кон познатиот шопинг центар “Маремагнум” и прошетка низ авенијата Ла Рамбла (улица преполна со туристи,улични актери,танчери и сликари).
Слободно време за прошетка и индивиудални активности.Во договореното време враќање во хотел.Ноќевање.

27.05.2019 (понеделник) БАРСЕЛОНА - ФИГЕРАС – ГЕРОНА  - СКОПЈЕ
Појадок. Факултативен излет за Гирона и Фигерас – целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали.Место каде е роден и живеел Дали.Овде можат да се видат разноразни колекции,скулптури, 3Д колажи.Попатно се упатуваме кон живописното гратче Гирона .Најпрво се поаѓа за Гирона кое се наоѓа североисточно на Шпанија непосредно до француската граница.Прошетка низ градот, тврдината,катедралата – која претставува срцето на тврдината ,колоритните куќички на брегот на реката Онуар. Доколку нема доволен интерес за факултативниот излет патниците имаат слободен ден за индивуална прошетка. Во договореното време враќање во хотел. Во 19:00 часот трансфер до аеродромот Ел Прат – Барселона.Лет за Скопје во 21:50 часот. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот.

 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на наведената релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizzair;
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см);
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
- Сместување во хотел Eurohotel Barcelona Gran Via Fira 4* на база 3 ноќевања со појадок;
- Организиран разглед на Барселона по програмата со локален водич;
- Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
 
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Аеродромски такси по лице се 3.100 денари;
- Кабинска торба (со димензии 55х40х23см) 1.800 ден или куфер-чекиран до 23 кг е 3.400 ден, куфер-чекиран до 32 кг е 4.700 ден
- Посета на Шпанско Село – 15 евра
- Посета на Ноу Камп (водич, билет и трансфер) - 32 евра
- Посета на Гуел парк, Тибидабо - 40 евра
- Посета на Гирона и Фигерас - 65 евра
- Посета на Аквариумот 20 евра
- Туристичка такса се плаќа во хотел – 3€ по ден на лице се плаќа во хотел
- Доплата за еднокреветна соба 7.600 мкд
- Билети за јавен превоз со метро
- Патничко – здравствено осигурување 300 мкд
 
 
НАПОМЕНИ:
* За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ
* За реализација на аранжманот потребен е минимум од 25 патници
* Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
* Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
* За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 особи, пријавувањето е при резервација во агенција (Камп Ноу, Парк Гуел)
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето