ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - СИЦИЛИЈА
Leptokaria - Vila Eftihia
Vila Eftihia

Пријатен објект за сместување со добра локација, погоден за сите возрасни групи и за семејства со деца. Сместувањето е во апартмани за 2 до 4 лица, опремени со чајна кујна со основна опрема, бања со туш, балкон, интернет и клима уред (со доплата на лице место од 6€ /ден).
Објектот е на три ката и има лоби, тераса и лифт.
Локација: Во близина на центарот, на втората улица од морето и 100 m од широката песочна плажа. Во околината се достапни супер маркети, фурни, продавници за сувенири, облека и летни реквизити. На плажата има барови со лежалки и чадори со доплата

 

СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
(7 ноќевања + превоз)
Од 99
€ по лице за термин:
25.05 - 01.06.2025

 

ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА

ПАРАЛИЈА EFTIHIA "B" (tv ac+)
наем на апартмани термин ноќевања STD 1/2 eco STD 1/2 STD 1/2+1 STD 1/2+2
(2 лица) (2 лица) (3 лица) (4 лица)
MAJ 25 7 142 148 153 162
ЈУНИ 1 7 185 192 199 211
8 7 222 230 238 253
15 7 266 276 286 304
22 7 293 304 315 334
29 7 322 334 346 367
ЈУЛИ 6 7 354 367 380 404
13 7 371 385 399 424
20 7 409 424 439 466
27 7 449 466 483 513
АВГУСТ 3 7 449 466 483 513
10 7 449 466 483 513
17 7 428 444 460 489
24 7 389 404 418 444
31 7 354 367 380 404
СЕПТЕМВРИ 7 7 322 334 346 367
14 7 268 278 288 306
21 7 206 214 222 236

 

 

*Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
*Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

 

АРАНЖМАН 7 ПОЛУПАНСИОНИ ПО ЛИЦЕ

ПАРАЛИЈА полупансион по лице EFTIHIA "B" (tv ac+)
термин услуга Возрасен (1 и 2 лице) Возрасен (3 лице) Дете 4-12 г (3 лице)
МАЈ 25 7 HB 191 131 101
ЈУНИ 1 7 HB 213 134 104
8 7 HB 231 136 106
15 7 HB 253 140 110
22 7 HB 267 142 112
29 7 HB 281 144 114
ЈУЛИ 6 7 HB 297 146 116
13 7 HB 306 148 118
20 7 HB 325 150 120
27 7 HB 345 154 124
АВГУСТ 3 7 HB 345 154 124
10 7 HB 345 154 124
17 7 HB 334 152 122
24 7 HB 315 149 119
31 7 HB 297 146 116
СЕПТЕМВРИ 7 7 HB 281 144 114
14 7 HB 254 140 110
21 7 HB 223 136 106

 

*Цените се дадени по лице за услуга 7 полупансиони (HB - појадок и вечера) при сместување на минимум 2 возрасни лица во соба.
*Исхраната е организирна во ресторан на 5 минути одење од сместувањето.
 
Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
Цените се однесуваат на наем на студио/апартман за 7 ноќевања (без превоз).
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во EFTIHIA се доплаќа ( 6 € на ден).
- Доплата за туристичка такса 2€ (се плаќа во објектот).
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во ресторан (информации во агенцијата).
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),  преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз:  50 EUR (35 EUR за дете 02 до 12 год.) 
Цена на автобуски превоз во еден правец: 35 EUR (возрасен / дете)

Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
- Скопје, во  06:00 ч.  (паркинг, СРЦ “Борис Трајковски")
- Велес, во  06:30 ч.  (бензиска пумпа, мотел Македонија)
- Неготино, во  07:00 ч.  (бензиска пумпа "Макпетрол")
- Смоквица, во  07:30 ч.  (бензиска пумпа "BWO петрол")
- Гевгелија, во  08:00 ч.  (бензиска пумпа, граничен премин)

Поаѓање од Грција: 
- Истиот ден попладне.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови. 
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување. 
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 
1 ден:       Пристигнување во објектот (со автобус или со сопствен превоз). Пријавување кај домаќинот според информации и насоки добиени од вашиот агент.
2 - 7 ден: Престој во објектот според избраната услуга. Индивидуални активности и одмор. Можност за посета на локални туристички атракции, екскурзии  и културно-историски локалитети. Ноќевање.
8 ден:    Заминување од објектот. Собите вообичаено се ослободуваат во 09:00 часот. Патниците кои патуваат со организиран превоз,  во договореното време се пријавуваат кај придружникот на групата. Заминување кон Македонија.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековните расположиви средства (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој. Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и  локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите
* Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
* Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на резервација се наплатува 15 € .

ВНИМАНИЕ! Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. 
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.

Цени и услови на плаќање
* Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2025 година, или до објава на нов ценовник.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со рана резервација (рани попусти - EB):
- 50% од вредноста на услугата се уплатува при резервација, до истекот на периодот на ЕВ, според понудата;
- 50% од вкупната вредност на услугите ќе се плати 21 ден пред датумот на поаѓање;
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето
2. За резервации по Општа понуда - со редовни цени (освен EB и LM)
- 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
- 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
- 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), нивната потврда ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;

Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување.
 Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
- за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
- за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
- за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
- за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
- за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период,
доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.

За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
 

Опис на сместувачки капацитети

Прв кат:
- Студуо бр. 105: 1/2 ( еден брачен кревет )
Втор кат:
- Студио бр. 201: 1/2 + 1 (еден брачен кревет + еден единечен)
Студио бр. 202: 1/2 (два единечни кревета)
Студио бр. 203: 1/2 (два единечни кревета)
- Студио бр. 204: 1/2 (еден брачен кревет) + еден кревет на спрат
-Студио бр. 205: 1/2 (два единечни кревета)
Трет кат:
-Студио бр. 301: 1/2+1 (еден брачен кревет + еденединечен кревет)
-Студио бр. 302: 1/2 (два единечни кревета)
-Студио бр. 303: 1/2 (два единечни кревета)
-Студио бр. 304: 1/2 (еден брачен кревет) + еден кревет на спрат
-Студио бр. 305: 1/2 (два единечни кревета)