ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
Авионски патувања - Португалија
Португалија

Does it snow in Portugal? Winter weather guide for 2024/ 5 - Europe in  Winter

ПОРТУГАЛИЈА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања со појадок

07. Декември  (Сабота) СКОПЈЕ – ПОРТО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:25 часот. Полетување за Порто со една промена на лет. Пристигнување во Порто во 11:35ч. Трансфер до хотел со попатно панорамско разгледување на градот Порто, познат по своите импозантни мостови на реката Доуро и производство на виното “порто“. Разгледот започнува со прекрасната готска црква С.Франциско која во 17 и 18 век била покриена со најретките висококвалитетни барокни позлатени резби. Продолжуваме кон Палатата на Берзата - Паласио да Болса, зграда во неокласичен стил, чија изградба започнала на 6 октомври 1842 година, раскошната берзанска палата била изградена за да ги импресионира потенцијалните европски инвеститори. Слободно време за ручек. Потоа, ќе посетиме еден од многуте вински подруми во квартот Вила Нова Гаја (со дегустација на вино). Сместување во хотел. Слободно време за вечерни прошетки. Ноќевање.

08. Декември (Недела) ПОРТО – КОИМБРА – АЛКОБАКА – БАТАЉА – ЛИСАБОН
Појадок. 
Заминување кон Лисабон. Попатна посета на Коимбра, еден од најважните универзитетски градови во Европа. Посета на Универзитетот со неговата извонредна кралска библиотека. Следната станица ќе биде во Алкобака. Овде ќе го посетиме манастирот Санта Марија д'Алкобака - основан во 12 век од кралот Алфонсо I. Неговата големина, чистотата нанеговиот архитектонски стил, убавината на материјалите и грижата со која е изграден, го прават ремек дело на цистерцијанската готска уметност. Попатна посета и на Батаља, каде ќе го посетиме португалското ремек-дело на готската архитектура, класифицирано на листата на светското културно наследство на УНЕСКО, манастирот Санта Марија да Виторија (14-16 век) – национално обележје на Португалија. Посебно треба да се спомене “Капелата на основачите“ со прекрасните витражни прозорци, недовршените капели Мануелин и Салата на поглавјето. Заминување за Лисабон во договорено време. Сместување во хотел. Ноќевање.

09. Декември (Понеделник)     ЛИСАБОН
Појадок. Разглед на Лисабон, град на светлината распослан на брегот на Атлантскиот океан. Неброените сончеви денови и реката Тахо го трансформираат португалскиот главен град во огледало од илјада бои - истакнувајќи ја уникатната архитектура и убавина на градот. Денеска ќе го посетиме Белем – делот од градот кој е силно поврзан со португалското Златно доба на откритијата и место од каде што храбрите морепловци пред неколку векови испловиле за да го откријат новиот светот. Меѓу атракциите на Белем се манастирот Св.Јероним од 16 век и кулата Белем кои се дел од листата на светското културно богатство на УНЕСКО , како и Монументот на големите откритија. Потоа продолжуваме кон Алфама, најстариот кварт во Лисабон, кој се простира на падините помеѓу замокот С. Ѓорѓи (влезницата не е вклучена) и реката Тахо. Ќе направиме кратка прошетка низ малите кривулести улици на квартот Алфама, популарен по динамичниот живот, космополитската атмосфера и кој содржи многу важни историски атракции, како и изобилство од ресторани и Фадо барови. Слободно време во центарот на градот за ручек и прошетки по авенијата Либердад која ги поврзува плоштадите Рестаурадорес и Росио (инпсирирана од Елисејските полиња во Париз), позната по дроворедите и лукзуните продавници, но и киосците специјализирани за традиционална храна. Ноќевање.

10. Декември (Вторник)    СИНТРА – КАБО ДА РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или заминување на целодневен факултативен излет во националниот парк Синтра-Каскаис. Посета на Националната палата сместена во центарот на Синтра, препознатлива по двата конусни оџаци што ја крунисуваат кралската кујна, тоа е единствена палата што ја опфаќа целата историја на Португалија, збир на згради кои биле изградени, додадени и адаптирани во текот на многу векови, меѓи нив Националната палата Пена се издвојува како скапоцен камен во круната на ридовите на Синтра и околниот парк. Слободно време за уживање во ова мало историско место. Потоа ќе продолжуваме до Кабо да Рока - најзападната точка на континентална Европа и ќе поминеме низ Кашкаиш, главна дестинација за одмор на крајбрежјето на Лисабон. Тоа е традиционален и шармантен португалски рибарски град кој се разви во популарен туристички центар, монденско летувалиште со голем број голф терени, луксузни хотели и казино. Враќање во Лисабон. Вечер за индивидуани прошетки, препорачуваме посета на Фадо бар и уживање во ритамот на специфичната португалска музика. Ноќевање.

11. Декември (Среда)   ЛИСАБОН – СКОПЈЕ
Појадок. Слободен време до организиран трансфер до аеродромот во Лисабон. Полетување за Скопје со една промена на лет во 12:15 часот. Пристигнување во Скопје околу 22:40 часот.

Цена на аранжманот во ПРЕТПРОДАЖБА

Standard пакет со вклучен превоз, сместување и 3 разгледи         789 € (48.918,00 мкд)
Superior  пакет со вклучен превоз, сместување и 4 разгледи         884 € (54.808,00 мкд)
 
Цена на аранжманот:
Standard пакет со вклучен превоз, сместување и 3 разгледи         879 € (54.498,00 мкд)
Superior  пакет со вклучен превоз, сместување и 4 разгледи         974 € (60.388,00 мкд)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

 

789 

884 

РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ

 

STANDARD

SUPERIOR

Организиран разглед на Порто (вклучени влезници за Св.Франциско, Палатата на берзата, Винарија)

 

Вклучено

Вклучено

Посета на Универзитетот Коимбра Манастирот, Манастирот Алкобака, Батаља (вклучени влезници и водич)

 

Вклучено

Вклучено

Организиран разглед на Лисабон (вклучена влезница за Манастирот Св.Јероним и водич)

 

Вклучено

Вклучено

Целодневен излет: Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил (вклучени влезници и водич)

 

95 €

Вклучено

     

Во цената за "СТАНДАРД ПАКЕТ" на аранжманот е вклучено:
- Авионски превоз на релација: Скопје - Порто/Лисабон – Скопје, со една промена на лет (вклучени аеродромски такси)
- Багаж: Патна торба до 8 кг (до 115 цм, збир на димензии д+ш+в) и рачна торба до 2-3 кг.
- Трансфер од аердором до хотел во Порто
- 1 ноќевањe со појадок во Порто, во Trip by Wyndham Porto Centro Hotel 3* или сличен
- 3 ноќевања со појадок во Лисабон, во Hotel Roma 3* Лисабон или сличен
- Разглед на Порто со локален водич на англиски јазик. (вклучени влезници за Црквата Св.Франциско, Палатата на берзата, Посета на винарија).
- Трансфер од Порто до Лисабон со посета на Коимбра – Алкобака - Батаља (вклучени влезници за Манастирот Батаља, Манастирот Алкобака, Универзитетот Коимбра)
- Разглед на Лисабон со локален водич на англиски јазик (вклучена влезница за Св.Јероним)
- Трансфер од хотел до аеродром во Лисабон
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Здравствено - патничко осигурување
- Туристичка такса - 2€ по лице по ноќевање (вкупно 8€ по лице), се плаќа во хотелите
- Факултативен излет од Лисабон (Синтра, Кабо да Рока, Кашкаиш, Есторил) - 95€
- Пријавен багаж, до 23кг – информација во агенција
- Доплата за 1/1 соба - 165 €
- Попуст за трето лице во соба: возрасен - 40 €, дете до 12 г. - 110 €
- Билети за локален јавен превоз
- Влезници за културно-историските споменици кои не се вклучени во цената
- Други индивидални трошоци кои не се вклучени во цената на аранжманот.

НАПОМЕНА:
- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице за сместување во двокреветна соба.
- Цените се дадени во EUR, за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативнитеизлети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ