ЛЕТО 2025 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2025 - СКАНДИАНВИЈА
ЛЕТО 2025 - НОРВЕШКА
НОЕМВРИСКИ ПАТУВАЊА
Авионски патувања - Швајцарија
Швајцарија

Swiss First Timer: Top 5 Cities to Visit in Switzerland - Routeperfect trip  planner

Прв ден: 17.09.202(среда)- Скопје-Милано-Тирано

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Виена во 12.35 часот, слетување во 14:10 часот. Летот за Милано е во 15.25 часот, пристигнување во 16.50 по локално време. Организиран трансфер со автобус во Тирано, малиот скриен бисер на Италија кој се наоѓа во провинцијата Сондрио во областа Ломбардија на северот од Италија. Сместување на групата во хотелот „Korona“ 3* (https://www.saintjane.it/hotel-and-resort/hotel-corona/a) лоциран во централното градско подрачје во непосредна близина на железничката станица. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.

  

Втор ден: 18.09.2025 (четврток)- Тирано-Сент Мориц-Давос 

Појадок. Во претпладневните часови организиран разглед низ улиците на овој преубав сликовит град во кој живеат само 9000 жители. Низ градот тече реката Адда која извира во Швајцарија и се влева во реката По. Тирано е познат по архитектурата, опкружен со сликовити лозови насади и по богатиот избор на вино и сирење. Напладне се одјавуваме од хотелот и го оставаме багажот во автобусот. Се упатуваме кон железничката станица и од 13.00 часот го започнуваме нашето патување кон Швајцарија со еден од најубавите возови на светот- возот Бернина Експрес кој се наоѓа на листата на УНЕСКО. Ни претстои возење по една од највисоките железнички пруги во Европа достигнувајќи висина од 2.253 метри. Линијата минува низ пејзажи од глечери и карпести полиња, низ тунели и мостови, преку високи планински превои, а глетката што ќе ја видиме од панорамските вагони на возот ќе ни остави незаборавен спомен на моќните Швајцарски Алпи и на прекрасната природа. По два и пол часа ќе пристигнеме во монденското швајцарско одморалиште Сент Мориц. Единствено е по тоа што е највисоко во Европа сместено на импресивни 1822 метри, град кој може да се пофали со 322 сончеви денови годишно, со над 350 километри различни стази со најсовремена инфраструктура, наменети за почетници и искусни скијачи. Во ова најпопуларно место за зимските спортови кое на два пати било домаќин на зимските олимписки игри секоја година скијаат познати и славни личности, членови на кралските фамилии, европскиот џет сет, милионери и милијардери, па токму заради тоа нема да не чуди дека и понудата кога е шопингот во прашање ќе биде луксузна и импресивна со најпознатите светски брендови. По слободното време, заминуваме кон Давос, градот распослан по долината на реката Ландвасер во кој живеат 1.400 жители. Овој скијачки град има два центра Dorf и Platz меѓусебно оддалечени 2 километри, а околу градот се наоѓаат спектакуларни планини на кои се наоѓаат скијачките терени. Градот е особено познат по тоа што почнувајќи од 1971 година тука се организира Светскиот економски форум-годишната конференција на највлијателните светски политичари и економисти. Сместување на групата во хотел „Strela“ 3* (https://www.davosklostersmountains.ch/en/hotels/hotelinfos/hotels). Вечера. Ноќевање.

 

Трет ден: 19.09.2025 (петок)-Давос-Мајнфелд-Вадуц

Појадок. Денеска ќе бидеме малку романтични... и носталгични. Се упатуваме кон бајковитото село Мајнфелд, или познато како селото на Хајди. Се враќаме 140 години назад во времето за да го почувствуваме мирисот на дивите цвеќиња, на недогледните пасишта и бескрајните ливади. Ако сте воодушевени од романот Хајди кој инспирираше милиони читатели низ целиот свет, сега Ве водиме во малото село полно со кози скитници каде е сниман филмот за оваа позната приказна. Тука се уште постои бајковитата куќичка која денес е реновиран музеј, чија внатрешност е опремена со оригинални парчиња мебел од тој период кои го отсликуваат руралниот живот во тоа време. Селото не е ниту раскошно ниту гламурозно-напротив тоа е местото каде алпските врвови брзаат кон небото,  каде ќе го дишеме чистиот планински воздух и ќе чекориме по автентичните калдрми. По слободното време за уживање во оваа недопрена убавина, заминуваме кон една од најмалите држави во светот-Лихтенштајн, која има површина од само 160 квадратни километри. Легендата вели дека кнежевството го добило името по необичен сјаен камен ископан од некој работник додека чистел во шумата. Каменот блескал како дијамант, па жителите ја нарекле долината по неа - Лихтенштајн - каменот што свети. Зошто токму Лихтенштајн? Затоа што граничи со Швајцарија и низ целата земја доминира планинско подрачје исполнето со бајковити предели со недопрена природа, а куќите со неверојатна архитектура заедно со прекрасните имоти локалните жители сами ги дизајнирале и изградиле. Ќе го посетиме главиот град Вадуц и ќе прошетаме низ Плоштадот Rathausplatz и главната улица Stadle која изобилува со неверојантно уредени излози, кои изобилуваат со сјајни парчиња облека. Слободно време за индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови се враќаме назад во хотелот во Давос. Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 20.09.2025 (сабота)-Давос-Хур

Појадок. Целодневен излет до еден од најстарите и најубавите градови во Швајцарија-градот Хур со историја долга 5000 години.  Центарот на градот е забранет за возила и е еден од најдобро сочуваните во Швајцарија каде одлично се вклопуваат традиционалната атмосфера со модерните обележја. Високите згради се украсени со фрески, а низ стрмните скали се издигнува катедралата Света Марија во романтични камени резби, која доминира над градот повеќе од 800 години. Овој жив, мал град делува многу поавтентично од своите познати и отмени „роднини“ Давос и Сент Мориц, но има и друга, интересна и неочекувана страна- улиците се исцртани со живописни 3D илузии од локалниот уметник Fabian “Banea“ Florina. Велат дека град Хур е најдобро сочуваната тајна на Швајцарија, а ние ќе имаме можност да уживаме во убавините на овој алпски град кој изобилува со продавници и ресторани и е најдобар избор за љубителите на добрата храна и вино. Во попладневните часови се враќаме назад во хотелот во Давос. Вечера. Ноќевање.

 

 

Петти ден: 21.09.2025 (петок)-Давос-Милано-Скопје 

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Италија, кон градот Милано од каде го започнавме нашето патување. Организиран разглед на еден од најпосетените градови во Италија, европската престолнина на модата и дизајнот, двигател на уметноста, архитектурата и туризмот. Слободно време за индивидуални прошетки. Во доцните попладневни часови се упатуваме кон аеродромот во Милано. Полетување за Виена во 20.30 часот, слетување во 21.55. Летот за Скопје е во 22.45 часот, слетување во 00.15 часот.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ.........999 евра (61.940 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

  

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:   

- Авионски билет Скопје-Виена-Милано-Скопје со вклучени аеродромски такси

- Рачен багаж до 8 кг. и чекиран багаж до 23 кг. по лице

- Сите трансфери со локален автобус вклучени во програмата

- Билет за воз на релација Тирано - Сент Мориц

- Едно ноќевање со појадок во хотелот „Corona “ 3* во Тирано

- Три ноќевања со вечера и појадок во хотелот „Strela“ 3 * во Давос

- Влезница во Музејот на Хајди

- Организирана посета на Сент Мориц, Мајнфелд, Вадуц, Хур и Милано

- Лиценциран туристички водич за време на сите разгледи

- Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

 

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

- Туристичка такса во хотелите – 20 евра за сите четири ноќевања (се плаќа во агенцијата)

- Доплата за еднокреветна соба – 150 евра

- Патничко осигурување

 

 

За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници