ЕСЕНСКИ ПАТУВАЊА 2019
ЛЕТО 2019 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2019 - ЕГИПЕТ
СИЦИЛИЈА 2019
Ammouliani - Vila Konaki
Vila Konaki

Хотел „Галери“ и „Конаки“ се лоцирани во мирниот дел на селцето, еден до друг на само 350 метри од главното пристаниште. Располагаат со двокреветни, трикреветни и четирикреветни студија, со ТВ, клима уред, комплетно опремени кујни, тоалет, тераса.

Термин

Ноќевања

Двокреветно студио

Трикреветно студио

Четирикреветно студио

1/6-10/6

9

145

165

185

10/6-19/6

9

245

270

295

19/6-28/6

9

295

330

375

28/6-7/7

9

385

425

485

7/7-16/7

9

445

475

535

16/7-25/7

9

475

525

595

25/7-3/8

9

475

525

595

3/8-12/8

9

475

525

595

12/8-21/8

9

445

475

535

21/8-30/8

9

405

440

495

30/8-9/9

10

295

330

375

9/9-19/9

10

255

280

305

19/9-1/10

12

170

190

210


Напомени и услови:

Цените во се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Истите се за наем на цело студио или апартман, за број на ноќевања кој е запишан во табелата.

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.

 

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.

Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман 

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.

 

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

За возрасни 2.790 мкд. (45 евра)

За деца до 12 години 1.860 мкд. (30 евра) 

Деца до 2 години бесплатно, без седиште

 

Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.  Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.

Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашита агенција. 

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.

Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.  

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ.