ОКТОМВРИСКИ ПАТУВАЊА
ВАУЧЕР
Автобуски програми - Сараево - 30.12. - 02.01.2027
Сараево - 30.12. - 02.01.2027
Streets of Sarajevo decorated for upcoming Holidays - Sarajevo Times
Прв ден 30.12.2026 (среда)

Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓање се известуваат на еден ден пред поаѓање.
Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

 

Втор ден 31.12.2026(четвртак)

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.

Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија.

Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот.

Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.

Дочек на Нова 2026-та Година на плоштадот со луда забава

 

Трет ден 01.01.2027(петак)

Третиот ден започнува со појадок и во договорено време  започнуваме со целодневна екскурзија

Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ.
Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..

По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич.

Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.
Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување.
Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.

Во Мостар има кварт  каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”.
Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.

Слободно време околу 3 часа.

Враќање во Сараево.
Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата.

 

Четврти ден 02.01.2027(сабота)

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите.
Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја.
Најголемата пирамида е пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека пак пирамидата на Месечината и пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали.

Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал.
Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото.
Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат.
Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација.

* Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата.
Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ,а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“.
Во Вишеград ќе имате можност да го посетите Aндриќград исто така познат како и камен град кој инвеститор за тоа е познатиот тенисер Новак Џоковиќ.
Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка

Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имаат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Вишеград.
Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.

Пристигнување во раните утрински часови.

 

Цена на аранжманот: 125eur / 7,750мкд

Хотелско сместување 3*

Сместувањето е во хотел 3* со вклучен појадок на база на шведска маса.

Името на хотелот патниците го дознаваат 2 дена пред поаѓање.

 

Во цената е вклучено:

-2 ноќевања со појадок во хотел

-Разглед на Сараево со локален водич

-Туристички придружник за време на патувањето

-Посета на Вишеград и Андриќград

-Автобуски превоз Скопје и Куманово

 

Во цената не е вклучено:

-Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице

-Задолжителна уплата во канцеларија, депозит од 15eвра за  факултатива Историски пакет

-Крстарење по Дрина– 10 евра од лице

-Босански пакет (  Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 70евра

-Историски пакет ( Јабланица,Врело Буна и Мостар) 60евра ( задолжителна)

-Туристичка такса – 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)

-Патничко осигурување

 

Важно:

-За сингл соба се доплaќаат 40 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.

-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

-Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот

-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

-Наплата на цена за деца до 11,99г-50% од редовната цена.

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

-Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или  хотелот

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред

датумот на започнување на истиот

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, атвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

Факултативни излети:

Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 90 евра

 

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 10 евра

 

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Врело Буна, Мостар) Задолжителна факултатива

Цена за пакет: 80 евра