
1 ден 04.12.2026 (петок) Штип / Скопје/ Куманово – Темишвар
Поаѓање во 19:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 20:15 часот од Скопје пред хотел Континентал, во 21:00 часот од Куманово пред Макпетрол бензинска. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 05.12.2026 (сабота) Темишвар
Пристигнување во Темишвар, град кој често го нарекуваат „Мала Виена“ поради неговата архитектура и атмосфера кој потсетува на стариот дел од Виена, резултат од долготрајната Хабзбуршка управа. Во поновата историја, Темишвар е познат како местото каде што на 16 декември 1989 година почнале протестите кои довеле до Револуција и пад на комунистичкиот режим на Николае Чаушеску. Под мотото „Нека блесне вашата светлина“, градот бил прогласен за Европска престолнина на културата. Организиран разглед на градот со локален водич: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување во хотел во центарот на градот. Слободно време за користење на Спа центарот во хотелот. Во вечерните часови, доживејте ја магијата на празниците на еден од најубавите божиќни маркети во Романија! Центарот на Темишвар се претвора во вистинска зимска бајка, исполнета со светлечки украси, традиционални дрвени куќарки, вкусна храна и топли пијалоци. Уживајте во празничната атмосфера, рачно изработените сувенири, музички настапи и зимски активности кои ќе ве потсетат на детската радост на Божиќ. Ноќевање.
3 ден 06.12.2026 (недела ) Темишвар -Куманово/Скопје/ Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Посета на Шопинг центар Iulius Town“ (https://iuliustown.ro) кој претставува најголем деловен, малопродажен и забавен центар во целиот регион. Во попладневните часови, поаѓање за Македонија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
4 ден 07.12.2026 (понеделник ) Куманово/ Скопје/ Штип
Пристигнување во раните утрински часови во Македонија.
Цена: 149€/9.240,00 денари
Во цената е вклучено:
Во цената не е вклучено:
Општи напомени :