1 ден : 06.12.2025 Сабота
Поаѓање на групата во раните утрински часеви. Пауза за гранични и царински формалности. Попатна посета на Рупите-посета на комплексот во кој се разгледува црквата на Баба Ванѓа „Света Петка“, музејот посветен на Рупите животот и делото на Ванѓа. Разглед на прекрасната природа и топлите минерални води со неверојатни 75С . Пристигнување во Сандански и сместување во хотел. Слободно попладне и време за индивидуални активности и користење на СПА центар и базени со минерална вода.Ноќевање.
2 ден : 07.12.2025 Недела
Појадок. Ден предвиден за посета на Мелник. Мелник е најмалиот град во Р.Бугарија и официјално четврти најмал град во светот, место познато по неговите пирамиди од песок, посета на Кордопуловата куќа-Винарија и дегустација на вино,посета на познатиот Роженски манастир каде во близина се наоѓа гробот на војводата Јане Сандански. Слободно време за разглед, посета на винарија и дегустација на вино. Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки или користење на СПА. Ноќевање.
3 ден : 08.12.2025 Понеделник
Појадок. Слободни активности. Напуштање на хотелот. Поаѓање кон Македонија околу 15 часот по локално време. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
Промо цена по лице во DBL ROOM (2 + 0) - 179 € / 11.100 ден
Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба
Во цената е вклучено:
-Превоз до наведената дестинација од Велес, Кавадарци, Неготино, Скопје, Штип
-Сместување во Интерхотел Сандански 4* на база 2 ноќевања со појадок
-Користење на внатрешен и надворешен базен со минерална вода,надворешен термален базен со минерална вода,сауна,парна бања и фитнес
-Посета на Рупите –куќата на баба Ванѓа
-Паркинг надворешен(според расположливост, Wi-Fi)
-Туристичка такса.
Во цената не е вклучено :
-Доплата за вечера -21 евро по лице од вечер (опционално)
-Факултативна посета на Мелник и Роженски манастир 10 евра по лице
-Патничко осигурување.
Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ