ЛЕТО 2024 - ГРЦИЈА
ЛЕТО 2023 - ТУНИС
Skiathos - Vila Pavlos
Vila Pavlos
Се наоѓа во градот Скијатос оддалечена 500 метри од самиот центар, на 50 метри од море и на 1км до туристичката атракција Xanemos beach. Вилата има базен и прекрасно уреден двор. Секое студио поседува чајна кујна, две стандрадни легла, клима (во цена), купатило со туш кабина, фен, ТВ, тераса. Wi–Fi - бесплатно, миленичиња се дозволени но исклучиво со претходна најава и потврда од вилата, бар на базен кој е на располагање на гостите. Бесплатен паркинг има во близина на вилата. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија на првиот спрат. Студијата се опремени со мини кујна за подготовка на лесни оброци, прибор според бројот на гости, ТВ, фен, плакар, тераси со столчиња, маса и Wi-Fi.

Термини

Редовна цена по лице

Промо цена  до 28.02

26.05-02.06.2022

101€

81€

02.09-09.06.2022

110€

88€

09.06-16.06.2022

122€

98€

16.06-23.06.2022

133€

106.50€

23.06-30.06.2022

153€

122.50€

30.06-07.07.2022

193€

154€

07.07-14.07.2022

225€

180€

14.07-21.07.2022

255€

204€

21.07-28.07.2022

255€

204€

28.07-04.08.2022

255€

204€

04.08-11.08.2022

255€

204€

11.08-18.08.2022

255€

204€

18.08-25.08.2022

255€

204€

25.08-01.09.2022

225€

180€

01.09-08.09.2022

199€

159€

08.09-15.09.2022

155€

124€

15.09-22.09.2022

130€

104€

22.09-29.09.2022

110€

88€

Што е вклучено во цената • 7 ноќевања – 8 дена на Скијатос • Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје • Туристички пратител за време на патувањето и престојот на Скијатос Што не е вклучено во цената • Tраект на релација Волос-Скијатос-Волос 30еур • Патничко осигурување • Факултативни излети • Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето • Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите Координати од вилата 39.168236,23.496375 Ковид политика: Организаторот гарантира поврат средства во случај на: • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест) • Затварање на граници Напомена: • Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата • Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин (попустот важи само на редовни цени). Доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин. • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано дополнително, зависно од времето на тргнување на траектот. • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена. • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок. • Активните попусти не се комбинират со други попусти • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100% • * Доплата за туристичка такса 0.5евра од ден ( се плаќа во вилата кај соптсвениците) • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад. • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1евро = 62 денари • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла. • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни • Студиото се напушта во 10:00ч по локално време. • Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена. • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори агенцијата нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет. • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa. • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата. • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат. • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења. • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена. Kukunaries beach Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос, се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга. За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера. Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава e Лалариа. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина. Оваа плажа е достапна само со брод, кој ќе ве однесе и до островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Ова е дел од крстарење кое претставува целодневно уживање. Banana beach Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух. Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома.